Македонија

Кондовски на средба со битолските стопанственици

На мое огромно задоволство денеска остварив средба со претставници на Регионална Стопанска комора Битола под претседателство на г. Мирко Велковски.
Седнавме на заедничка маса со стопанствениците за да ги слушнам нивните предлози, идеи и проблеми, кои сум ги споделувал и досега бидејќи и самиот имам богато искуство во стопанството. Тука сме да ги надополниме и се надевам на најдобри можни решенија.
Стопанствениците се оние кои се двигател на локалниот економски развој. Обрнувајќи им ним големо внимание, обрнуваме внимание на цела Битола, онака како што ја замислуваме – локално, економски, развојна Општина Битола!
Дискутиравме за важноста од подобрување на патната инфраструктура, но и за значењето на проектите од национално значење, како што се топлификацијата и гасификацијата.
Интерно во Битола, кажано народски, до таблите каде што пишува Битола, веќе не треба да станува збор за тоа што треба да се направи. Градот има буџет, има ресурси, има администрација, стабилни фирми и јавни претпријатија и подобра инфраструктура е реално достижна!
Заради законските одредби не можам да откривам детали од програмата, но секако голем дел се однесува токму на инфраструктурата.
Што се однесува до плановите за гасификација и топлификација тоа е национална стратегија. Нивната реализација не е флоскула, туку реалност и среќен сум што проектите за гасификација и топлификација се во напредна фаза!


Македонија

Заболени
189,887
Мртви
6,594
Излечени
170,956
Активни
12,337
Last updated: 27/09/2021 - 08:15 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.