ЗанимливостиТОП
КОМУ ПРЕЧИ АЛИ АХМЕТИ -ЛИДЕРСКА СМЕНА ИЛИ ОРКЕСТРИРАН НАПАД!?
Ахмети не покажал доволно силно лидерство и не се исклучува можноста за негова промена како прв човек на ДУИ, пишува австриски „Дер Стандард“ повикувајќи се и на информациите од земјава, анализирајќи дека на последните избори ДУИ изгубила доста гласови кои се поделиле меѓу СДСМ и БЕСА, цитира ТВ24.

За бугарската агенција БГНЕС, пак, клучно е што според нивните аналзии Али Ахмети не успеал да ја обезбеди и потребната поддршка на меѓународната заедница за надминување на кризата.
„Во исто време големо мајсторство во партијата демонстрирала неговата заменичка Теута Арифи. Токму таа била лидерка во соработката со меѓународната заедница и тоталната промена во позицијата на ДУИ од про-ВМРО во про-СДСМ“, наведува агенцијата.
За ДУИ ова е оркестриран напад за да се креира лош имиџ за партијата и да се ослаби ДУИ која е клулчна за идната влада. Од Мала Речица децидни – ДУИ никогаш не била поединствена и нема место за сомневања за вантрепартиски обид за пуч.
Целиот текст можете да го прочитате тука
