Занимливости

Колку тежи новиот владин кабинет? Се милионери или не

Пасишта, акции, уметнички слики, станови, куќи па и еден трактор, но и по некој кредит – ова е само дел од имотната состојба на членовите на новиот владин кабинет. Од достапните анкетни листови, од вкупно 24 министри, имотот на 7 од нив, заедно со мандатарот Зоран Заев, тежат скоро 2 милиони евра.

Од имот на родители, заем и штедни влогови на соругата и децата, вкупниот имот кој го пријавил идниот премиер Зоран Заев тежи близу 730 илјади евра.
Скоро двојно помалку тежи анкетниот лист на првата жена номинирана за министерка за одбрана, Радмила Шеќеринска, или 321 илјада евра. Поседува и слика насловена како „Циганка“ од Никола Мартиновски, без наведена вредност.
Идниот министер за внатрешни, Оливер Спасовски, од куќа, шума, машини – имот на родителите па се до уметнички слики тежи 286 илјади евра и отплаќа кредит од 10 илјади евра.
Рената Десковска, идната министерка за образование од заеднички имот поседува „мазда“ 6, нејзиниот сопруг има автомобил „ланос“, а во анкетниот лист има и попис на „жнакит, но и штедни влогови – сè заедно вкупно 19 илјади евра.
Од земјоделско земјиште па сè до пасишта на име на родителите и до кола на братот, Љупчо Николовски, идниот министер за земјоделство пријавил имотна состојба од скоро 99 илјади евра. На негово лично име нема ништо.
Новиот министер за информатичко општество најверојатно до новото работно место ќе се вози со „сеат алтеа“. Ова е личен имот на Дамјан Манчевски, пријавен во анкетниот лист, заедно со градежно земјиште и имот на брачен другар но и штедни влогови, тежи над 25 илјади евра. Приближно иста сума што ја должи на име кредит во дел од комерцијалните банки.
Градоначалникот на Липково, идниот министер за животна средина и екологија, Садула Дураки, тежи скоро 203 илјади евра. Вози „ауди А4“, а како заеднички имот има пријавено земјоделско земјиште, куќа, двор и трактор „Фергусон“ на име на неговите родители.
Зоран Шапуриќ, еден од министрите без ресор има два анкетни листови, според едниот од нив тежи близу 300 илјади евра и има долг од 975 евра, но и годишно приходи од плата, дивиденда, хонорари од скоро 22 илјади евра – ова се податоците од имотниот лист на функција член на совет. Во разговор со ТВ 24 вели дека има доставено измени.
Престижниот економски магазин „Форбс“ во едицијата на најбогати му посвети посебен дел на идниот вицепремиер за економски прашања, Кочо Анѓушев, кого во бизнисот го спореди со спортистот Сергеј Бубка. Колку тежи бизнисменот кој треба да седне во вицепремиерската фотеља, заедно со останатите министри ќе се знае откако ќе го достават анкетните листови, но веќе се знае дека тој значително ќе го крене просекот на богатството на идните министри. Тој е сопственик на групацијата Фероинветс која ги обединува енергетската компанија Еднс и фабриката Брако од Велес која неодамна отвори фабрика и во Србија.
Марина Узунов


Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.