Занимливости

Колкави станови можеме да купиме во другите градови во Македонија, споредбено со 40 метри квадратни во Скопје?

Сите добро знаеме дека најскапите станови, куќи и земјиште моментално во нашата држава се во Скопје и тоа не е некоја тајна. Годишните извештаи постојано ни даваат увид за тоа како цените за метар квадратен вртоглаво се зголемуваат, а во останатите градови од Македонија паѓаат и многу мал број на луѓе се одлучуваат да купат стан надвор од главниот град.

Според извештајот од катастар за 2020 година најголем број трансакции за недвижности за 2020 се случиле во општината Центар, а потоа очекувано следуваат Карпош и Аеродром, но на пример во Свети Николе имало само 44 трансакции, во Македонска Каменица цели 12, а Вевчани останува на позитивна нула.

Најмногу станови биле продадени во Карпош, 257, 249 биле продадени во Аеродром и 144 во Центар. Но, оваа голема побарувачка доведе и до неверојатно зголемување на цените. Во некои делови до Скопје метар квадратен може да достигне и 1.400 евра, а просечна цена за метар квадратен за стан во Центар изнесува 58.489 денари за метар квадратен.

Доколку земеме еден просек дека метар квадратен за стан во најнаселените населби во Скопје е 1.000 евра, тогаш би ни биле потребни 40.000 евра за да купиме стан од 40 метри квадратни. Еве колкав простор можеме да купиме за истите пари во останатите градови низ Македонија:

За истата цена во Охрид би можеле да земете стан од 50 до 60 метри квадратни (Просечна цена за м/кв – 46.624)

Во Битола и Штип би можеле да купите стан од 70-80 метри квадратни за оваа цена (Просечна цена м/кв – 36.580 и 36.345)

Во Струмица би купиле стан за 22.000 евра за квадратура од 40 метри квадратни, што значи за 40.000 би земале стан со скоро дупла големина.

Просечна цена за стан од 40 метри квадратни во Кочани е околу 20.000 евра, што повторно нѐ води до тоа дека би земале двојно поголем стан.

Во Куманово просечната цена за метар квадратен е прилично ниска, односно изнесува 26.685 денари, што значи дека би можеле да купите стан со површина над 80 метри квадратни. Во сличен однос со Куманово е и Струга.



Македонија

Заболени
155,655
+10
Мртви
5,481
+3
Излечени
149,933
Активни
241
Last updated: 24/06/2021 - 22:56 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.