Црна Хроника

КОЈ СИ ИГРАШЕ СИНОЌА СО КИБРИТЧИЊА ДУИ ИЛИ СДСМ?

Фотографија на Јован Ване Петров.

Фотографија на Zvonko Dimoski.

Пожарот кој утринава избувна во просториите на поранешна Комерцијална банка е локализиран. Нема повредени, а според првичните проценки оштетени се шест простории на првиот кат каде е сместен Инспекторатот за животна средина. Во зградата се сместени и Секретаријатот за европски прашања и Медиумската информативна агенција.

Интервенирале 24 пожарникари со девет противпожарни возила.

Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски изјави дека пожарот е локализиран во 08:50 часот.

Фотографија на Zvonko Dimoski.

Фотографија на Zvonko Dimoski.

– Станува збор за сложена интервенција затоа што пожарот е во Инспекторатот за животна средина. Се работи за простории во поранешна Комерцијална банка, преградени со гипс картони и стаклени врати. Внатре не работи ниту еден хидрант. Тоа ни претставуваше проблем, изјави Симоновски. Точно не знаевме како да влеземе се додека не пристигнаа од Медиумската информативна агенција кои ни дадоа шема како да влеземе, изјави Симоновски.

Причина за пожарот, според првичните проценки на Симоновски, е електрична инсталација.

При интервенцијата на пожарникарите, само еден пожарникар се пожалил на задушување по што интервенирала Екипа на брза помош. Пожарникарот е во стабилна состојба, информира Симоновски.

Македонија

Заболени
17,977
Мртви
739
Излечени
14,959
Активни
2,279
Last updated: 01/10/2020 - 06:11 (+02:00)
loading...

Поврзани вести

Back to top button

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker