Колумни

Кој поголемо го*но тој поголем аплауз

Политиката веќе никој не ја доживува како сериозна дејност. Ако претходно луѓето следеа комедија, разни типови на шоу програми или видеа што ги смејат и забавуваат, во денешно време на светската политичка сцена забавата потекнува токму од политиката.

Најпопуларни политичари се они кои имаат најоткачени и најапсурдни изјави на прес-конференциите, а лидер во таа категорија е секако претседателот на САД – Доналд Трамп.

Додека сериозни политичари се обидуваат да обликуваат пристапи за решавање на актуелни проблеми и посветено и стручно работат во политичките области на дејствување, Трамп со една изјава го окупира и држи до себе вниманието на светската јавност.

Ситуацијата во регионот не е ништо поинаква, ако ги погледнете лидерите од регионот ќе сфатите дека оние кои имаат најдобри „сценски перформанси“ се на врвни државни позиции, просто имате впечаток како да се натпреваруваат во тоа кој поголема „глупост ќе одвали“.

Ако ги споредите Александар Вучиќ, Бојко Борисов, Еди Рами и Зоран Заев ќе видите дека помеѓу нив постојат минорни и дури занемарливи разлики во јавниот настап. Но на сите, со рака на срце мораме да им признаеме капацитети да го одвлечкаат вниманието на јавноста кон одредена несериозна изјава додека зад тој комичен сценски перформанс се крие политичка агенда која за нас останува недопрена бидејќи имаме дистракција на интересот.

Конзервативците и десничарите исто така најчесто се третираат несериозно со своите идеи. Тие служат да направат одекнување на некоја изјава која на мејнстримот му делува како „застарена, апсурдна и глупава“ и која само покажува дека овие идеологии и идеолошки ориентации се целосно дискредитирани и маргинализирани. Најоткачените изјави на либералните мислители привлекуваат помалку внимание од изјавите на конзервативците, токму поради тоа што либералната идеологија се прифаќа како „нормална, усвоена и стартна вредносна позиција“.

Состојбите на македонската политичка сцена не се ништо посебно интригантни и различни, освен тоа што понекогаш луѓето порадо одлучуваат да гледаат собраниска расправа со чипс и пиво отколку фудбал. Тоа е доволен показател дека политиката не окупира и зема врвно место во нашите животни, но не за да не вклучи и тангира во реална смисла, туку да не забавува и да не дистанцира од реалните животни проблеми.

Лидерот на СДСМ и актуелниот премиер на Македонија веќе не е клучен збор во „спрдачките фори и фазони“, по втората изборна победа е во конфорна зона и замина во опозиција во поглед на интересот на гледачите на забавно шоу кое традиционално се нарекувало политика.

Новиот пиадестал му припадна на Христијан Мицкоски. После изборниот пораз и внатрешната фракција во политичката партија која ја предводи, од иритантен и сувопарен политичар стана смешен лик што му донесе поголем успех во поглед на популарноста, бидејќи сега како „комична фигура“ е поинтересен за јавноста отколку претходно.

Во поглед на привлекување на вниманието на јавноста убедливо предничи Димче Апасиев. Во неговите говори не можете да препознаете дека тој е лидер на партија која во Собранието е застапена само со 2 пратеника, напротив има толку јавно внимание на кое може многумина политичари – популисти со многу повисоки државни функции да му подзавидат.

Апасиев наместо холистички пристап во политиката има идеолошки доследна позиција која некогаш ја претставува како „комунистички бунтовник“, а некогаш како „средношколец – курчатор“, но со вешт утопизам во критиките кој се чини дека му недостасува на и онака песимистичниот и полудушен аудиториум.

Од долгиот список на политичари и јавни чинители, во јавноста фигурираат уште неколку имиња. Актуелната министерка за образование Мила Царковска која привлекува внимание поради својата личност и настап, не толку поради својата работа и дело. Просто имате впечаток дека во секој момент министерката за образование ќе порасне од својата елитистичка ароганција која и приличи само на една новокомпонирана елитистка што до вчера била лошо нашминкана и неприфатена малограѓанка.

Министерот за здравство – Венко Филипче ја има моќта да ве принуди заштитнички да се поставите кон него. Во неговите јавни настапи во кои има толку згрченост и уплашеност понекогаш ви доаѓа да го тргнете од говорницата и што помалку да го следите за да не му создавате дополнителна непријатност.

Понекогаш во јавност ќе излезе и изјава на некој министер – Албанец како она на министерот за економија – Бектиши и ќе не потсети дека пола влада ни е составена од министри – Албанци кои никој не ги чепка бидејќи од старт се тргнува со претпоставката дека министеското место што го предводи ДУИ е веќе пропаднато министерство, па дај да спасуваме што се може.

Другите ликови кои во предизборните кампањи ги гледавме секојдневно на ТВ екраните и со интервјуа на порталите, откако удобно се сместија на своите пратенички фотељи, сега само како и 90 проценти од пратениците кои ги делегиравме во Собрание во изминатите 30 години – ќе клатат врата и ќе земаат огромна плата заради стискање на копче или со кревање на рака. Тоа е се.

Бескрајно забавно нели, како на оние во митот за платоновата пештера. Се забавуваат додека ги гледаат сенките на ѕидовите затворени во пештерата и од толку забава не може да се освестат и да се свртат кон излезот на пештерата, да го видат сонцето и реалниот изглед на нештата.

Магдалена Стојмановиќ

Македонија

Заболени
57,451
Мртви
1,600
Излечени
34,970
Активни
20,881
Last updated: 26/11/2020 - 19:26 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.