Македонија

Кој освен Мартин Попов, Душко Весковски, Миле Зечевиќ, Златко Марин, но и Артан Груби уште не плаќал за паркинг?

ЈП Градски паркинг со години било претворено во партиски штаб на Демократски сојуз, од каде обезбедувале привилегии во вид на службени возила, телефони и простории за луѓе блиски до нив, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на прес-конференцојата на Демократскиот сојуз.

Според обвинувањата на опозициската партија, директори, министри, функционери и разни раководни кадри од власта со години паркирале бесплатно низ Скопје, со што користеле повластена позиција во однос на граѓаните кои плаќале паркинг и со свој џеб ги финансирале овие партиски кадри и функционери. Тие го повикуваат Борче Јакимовски,член на претседателството на ДС на Павле Трајанов, да каже дали со години од плаќање за паркинг ослободувал функционери на СДСМ и ДУИ.

Дали од плаќање паркинг биле ослободени возилата на шефот на кабинет на Димитар Ковачевски, Мартин Попов, поранешниот директор на водовод Душко Вескоски, генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ, па и поранешниот градоначалник на Аеродром Златко Марин, како и други функционери од СДСМ. Дали е ослободен од плаќање и Агим, зад чиешто име стои името на Артан Груби? Доколку поранешниот директор Борче Јакимовски, ДС и СДСМ молчат јавно ќе ги објавиме регистарските таблички на функционерите кои биле ослободени од плаќање на паркинг, а за нив плаќале граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.