Колумни

Кој ќе си оди последен нека ги изгасне светлата!

Кој ќе си оди последен нека ги изгасне светлата!
Читам колегите објавиле „бoмба“ на која наводно се слуша гласот на Жугиќ која вели дека опозицијата не се борела со Заев туку со Брисел и Вашингтон.
Нема да коментирам кој со што се бори, но ќе ја искоментирам понизноста во коментарите на посочениот портал.
Очигледно Заев не ја свитка само својата кичма туку и кичмата на 300-те илјади Македонци кои гласаат за него. Вака понижени, скршени и сервилни не сме биле никогаш.
Ќе ви цитирам само еден коментар:
-Баш супер продолжете со борбата со Вашингтон ете и Бајден реши конечно да се справи со вас па баш се чудам кој на крајот ке победи, вели граѓанинот.
Ми се гади!
Ако некогаш велевме наведната глава сабја не сече сега можам да кажам дека со свиткана кичма и да сакаме главата не можеме да ја кренеме.
Вчера Бајден ни забрани и по дома како да си се викаме денес Гир ни кажа што треба да уриваме, а што не.
Дај да се самораспуштиме зошто ова не е „државата“ за која се бореа моите предци, а кој ќе си оди последен нека го изгасне светлото… Ужас без крај…
ПС. Замислете вака да се размислувало 39-та во каков свет ќе живеевме! Смрт за фашизмот, слобода на народот!


Македонија

Заболени
155,655
+10
Мртви
5,481
+3
Излечени
149,933
Активни
241
Last updated: 25/06/2021 - 00:11 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.