Кој е најзгодниот маж на планетата
Шоуменот Пол Рад се смета за најубавиот познат маж на оваа планета. Сега и официјално ја има оваа титула. Според магазинот „Пипл“, тој е подолго време најсексапилниот маж.
Пол не ја сокри својата радост, среќата и насмевките кога дозна дека ја понесол круната на најубавиот маж на светот. Иако смета дека сигурно постојат и поубави мажи од него, тој објаснува дека тие мажи не сакаат да се појавуваат во медиумите.
-Јасно ми е дека луѓето кога ќе слушнат дека јас ја добив таа титула, остро ќе реагираат, прашувајќи: Што, овој ви е најубав, сигурно се шегувате?
Навистина постојат многу други мажи кои се позгодни од мене, но ете јас сум тој што се експонира по медиумите, јас се дружам со новинарките. Тие веројатно виделе нешто на мене што им го привлекува вниманието, објаснува Пол Рад, кој уште не може да се свести дека како најзгоден маж гордо чекори по нашата планета.
–
Многу медиуми сега му го поставуваат истото прашање: Која е тајната на твојот одличен физички изглед? Пол открива дека сè е многу едноставно:
-Мажите мислат дека со начинот на исхраната ќе бидат згодни, дека со останување по кафеани до рани зори ќе бидат големи мажи, дека со разновидни тренинзи во вежбалниците ќе станат сексапилни, а сето тоа е само пусто мачење. Наједноставен рецепт кој може секој маж да го практикува е добро да се наспие. Само добар и квалитетен сон му дава на телото сè што треба. На тој начин останувате долги години младолики, свежи, расположени. Значи, спијте осум часа во текот на ноќта и со тоа сè сте направиле. Вашиот организам секогаш ќе ви биде благодарен. Тоа е рецептот, нема никаква филозофија.
И кога ќе ви кажат другарите, соседите, роднините, секако и жените, „колку добро изгледате“, кажете им дека тоа е затоа што доволно добро спиете. Сонот ни е најважното нешто. (Д.М.)
