КолумниМакедонијаТОПЦрна Хроника

Кој е Нафи Абдиовски, најновиот бегалец од македонските затвори?

дечко на министерот за земјоделие нашата феминизирана маслинка Љупче???

Новиот бегалец сликан со булдожерот вардарски 🤡

Можно е да е слика од 2 луѓе, луѓе што стојат и текст кој вели „сдсм 0.0. сопиште кажи да за членство во Ey и HaTo“

Осуденици и понатаму успеваат да избегаат од затворите во земјава. По бегството на затвореникот од затворот Идризово, имало бегство и од затворот Шутка. Информациите за Алсат ги потврдија и од затворската управа. Заменик-директорот Садуш Арифи вели дека на 14 јануари избегал Нафи Абдиовски, осуден на 8 месеци. Избегал околу 17.00 часот, а од затворот велат дека ги известиле сите надлежни.

Можно е да е слика од 14 луѓе, седнати луѓе, луѓе што стојат и текст

„Не беа направени никакви отстапки во текот на постапките од неговото доаѓање од притвор врз основа на одлуката на правосилната казна изречена од Основниот суд Скопје од 8 месеци затвор, од кои тој имаше издржано речиси 3 месеци. Врз основа на досието, од страна на класификацијата во Секторот за ресоцијализација, му бил одреден третман со група Б (полуслободно). Истото лице имало и повеќе други кривични дела во постапките во различни судови во државата“, рече Садуш Арифи, Заменик-директор на затворот Шутка.

Од МВР велат дека се информирани за бегството и ги преземаат сите мерки за негово пронаоѓање.

„Лицето издржувало затворска казна во траење од 8 месеци во Затвор Скопје за сторено кривично дело измама по чл.247, стр. 3. По наредба на КПУ Затвор Скопје од 16.01.2023 година, распишана е централна потерница за бегство од затвор, за издржување казна во траење од 7 месеци и 15 дена“, велат од МВР.

Инаку, бегалецот Абдиовски може да се види на некои фотографии на социјалните мрежи со актуелни владини, но и поранешни функционери./Алсат.мк



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.