Колумни

Кој е корумпиран почитувани Екселенции, ќе кажете име и презиме или ќе ги нафрлате истите флоскули што ги слушаме дома веќе 30 години

Фб Статус на Никола Трајчевски

Прво Германката ни рече не ставајте пари во џебот на докторите, заборавајќи да напомене дека пред нецела година таму како министер влезе доктор, а излезе како тежок милионер кој денес не се ни труди да си ги сокрие инвестициите во разни бизниси и сектори, за денес Британецот да нагласи континуирано влошување на проблемот со корупцијата, ама го адресира таму некаде во воздухот, во етерот. Нема име, нема адреса, нема институција, нема извор! Веројатно корупцијата кај нас лебди во воздухот и се натпреварува со ПМ честичките кој ќе се размножи побрзо?!
Кој е корумпиран почитувани Екселенции, ќе кажете име и презиме или ќе ги нафрлате истите флоскули што ги слушаме дома веќе 30 години. Јас сигурно не сум, нит земал, нит дал, комшијава до мене исто, овој со продавничкава десно од мене 100% не е, берберов лево уште помалце!
Или кажете каде има корупција или престанете со оваа надменост, дрскост и ароганција, бидејќи е заразна и ја пренесувате на овие што ви тренираат ректален алпинизам секој ден, а пак тие ги рефлектираат надолу по ешалони и го трујат цело општеството.
Значи накусо, не бидете арогантни и надмени, не се луѓето овци и не дозволувајте да страда цела земја, заради една шака сервилни поданици што ги имате во џеб, ако сакате да мислиме, дека ни мислите добро.
Нема достапен опис


Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.