ЖивотТОП

KOJ E ГЛУП МАРИЈА ПИЈАНМОНОВА ИЛИ ВИЕ ШТО МИСЛИТЕ ДЕКА ОВАА ЦУРА Е ГЛУПА? МИСЛАМ ОНА НЕ Е ГЛУПА

Може да ги мразите, а може и да ги сакате, но тие дефинитивно во изминатиов период се најпопуларниот пар на македонската јавна сцена. Станува збор за Марија Пијанманов и нејзиниот сопруг Констандин Плевнеш кои со своите видеа на социјалните мрежи предизвикаа бура реакции во јавноста.

Марија е родена Струмичанка. Еден период работела како новинарка во весникот „Нова Македонија“, во една фаза била и манекенка, а сакала да стане докторка.

Нејзиниот покоен татко (дописник на МРТ) имаше француско име, Жан Пијанманов, па како што самата кажа некако и судбински животот ја однел во Париз.

Константин Плевнеш по вокација е режисер, школуван на престижни универзитети. Тој е син на истакнатиот драмски писател и дипломат Јордан Плевнеш, основачот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА на кој сега тој и неговата сопруга Марија се посветени во целост. На многу мала возраст, неговите родители го носат во Франција каде практично е и израснат, во една поинаква средина, во елитни кругови.

– Со сопругот во Париз сме препознатлив пар. Омилени гости сме во најпопуларните локали каде уживаме во француски специјалитети и коктели. Во луксузниот Лавени сме препознатливи и редовни гости и имаме најубави париски моменти – се пофали Марија во интервју за Музика24.

Константин, на саканата Марија ѝ приредил и филмско запросување на покривот на елитен ресторан сместен на највисоката зграда во француската метропола. Во Париз ги венчал градоначалникот на општината во која живеат, а овде венчавката ја водел г.г.Стефан.

Пред две години направиле голема свадба во скопскиот хотел „Мериот“ на која присуствувале амбасадори, универзитетски професори, видни луѓе од областа на филмот и музиката. Гостите ги забавувале Сузана Спасовска, Борис Трајанов, Нино Величковски, „Некст тајм“, а специјален гостин на забавата бил Пере од „Нокаут“ кој им ја испеал нивната омилена песна „Лебедот бел“.

Според објавите на социјалните мрежи, може да се забележи дека Марија е љубител на модата и секогаш е во чекор со најновите трендови.

И Константин во едно интервју се пофалил дека имал прилика да присуствува на некои ревии на познати имиња во светот на модата.

Сакам луксуз на начин тоа да биде вкусно. Не сум љубител на големи брендови, сакам да се чуствувам како бренд сама по себе и да инспирирам, не да копирам. Кога сама ќе се искреирам ми е најдобро. Имам парчиња и од Карл Лагерфилд, Шанел и од Луј Витон – изјавила во едно интервју Пијанманов.

Во моментот доста атрактивни се две други видеа на познатата мрежа Тик Ток од неа, од нивното патување во Амстердам на кои таа вели дека е доволно облечена и дека не ѝ студи, а за тие што се грижат за неа да поведат сметка за своето здравје и да си стават маска, да не ги „отруе Шилегов“.

Таа во видеата додаде и дека нема направено никаква пластична операција на лицето и дека е целосно природна и покрај шпекулациите на „хејтерите“.

Во интервју за ммс.мк таа изјави дека за својот сопруг не се омажила поради пари, туку затоа што тој е нејзина сродна душа.

-Па јас можев и да не се омажам. Хахахаха. Секој има право да бира, ако знае што сака и што бира. Се омажив поради тоа што имав можност да сретнам прекрасен партнер, кој сам ми пријде со многу стил и големо обожавање. Тој е навистина секси маж, не можеш да оддолееш на тој ceкси париски шарм. Значи се омажив со ceкси сопруг, парижанец и уметник, кој се гледа, се знае и се разбира. А не со “ пари” . Тој ми пружи се, за да се чувствувам како таа што навистина сум, вистинската. Јас се прилагодувам на можностите на сопругот и никогаш не барам нешто повеќе, но тој секогаш ми дава се самиот, тоа се негови желби и идеи и задолженија.

Со еден толку добар стил изненадува со детали, заведува, почитува, владее со нашиот свет. Се што изгледа мегаломански во нашиот брак е од неговиот вроден париски стил, а приватно како душа тој е нешто најскромно. Мислам дека ова се’ кажува за таа брачна финансиска енигма околу мојот брак со Константин.

Јас се омажив со него, а тој за се останато е доволно паметен и мудар и знае како треба со нас. Постојано ми нагласува дека како дете има растено во еднособен стан во Париз. Јас израснав во куќа од 500 метри квадратни, ме носеа со кола секое утро во училиште, прва ги носев најмодерните облеки, бев татина принцеза, и иако растев со се што посакував од дете, бев скромна, материјалното не ме возбудуваше. Не се променив од тогаш, но знам која сум, каква е мојата животна енергија, и кој е мојот извор на интелект и гени, изјави Марија.

Без оглед дали зборуваат луѓето лошо за нив или не, тие продолжуваат да го живеат својот филмски живот во Париз.

Неодамна во едно од своите видеа направени во Париз Контантин ја кажа реченицата која токму тоа видео го направи вирално.

„Ве поздравувам со едно париско кафе, мои мали македончиња“, кажа тој во видеото додека уживаше со својата сопруга во еден париски ресторан.



Македонија

Заболени
103,020
+233
Мртви
3,144
+7
Излечени
91,507
Активни
8,369
Last updated: 01/03/2021 - 17:41 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.