Македонија

Кога учениците ќе седнат во клупите?

Во среда истекуваат 14 дена за прекин на наставата во училиштата поради корона вирусот, но заега од министерството сеуште нема прецизен одговор дали учениците евентуално и понатаму би останале дома..

Богоев додаде дека учениците треба да се свесни дека не се на распуст, туку тие со дома поради вонредна состојба во земјава, апелирајќи да се однесуваат одговорно поради опасноста од корона вирусот.

Градоначалникот соопшти дека во моментов вонредно се врши дезинфекција на сите  училишта и градинки, додавајќи дека ќе се започне и со дезинфекција и на игралиштата и јавните површини, се со цел да се спречи ширењето на вирусот.

Богоев кажа дека добра вест што седумте деца кои се во самоизолација поради поради опасност од инфекција од вирусот досега не пројавиле никакви симптоми, а нивната изолација е пред истек.

Mинистерот Адеми исто така порача дека треба да се следат вакви примери и да се бараат начини преку кои ќе се анимираат и едуцираат учениците ширум земјава, воедно апелираше тие да останат дома и да ги следат мерките и препораките.



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.