ЖивотЗабава

Клошарка беше со Коки ама сега со Асмир Пуцко пука на висока нога, Росана летала само хај клас и дигала нозе само по апартмани со 4 звезди

Росана признава само лет со авион и на блиски дестинации, облече кратко фустанче и покажа колку ужива (ФОТО)

По написите во медиумите дека виолинистот Никола Јанков-Коки , кој беше дел од дуото „Дуле и Коки“ и неговата сопруга Росана се разведуваат, во 2018 година, прва се се огласи Росана, којабеше портпарол во АМСМ.

Росана не ги негираше, ниту ги потврди гласините дека на бракот со Коки по десет години му доаѓа крајот.„

За мојот приватен живот, немам коментар. За сите мои професионални ангажмани ви стојам на располагање“, изјавила Росана тогаш во Женски магазин.

 

Потоа, и двајцата потврдија дека на бракот му дошол крај, а Коки повторно се ожени со неговата поранешна девојка, адвокатката Маја, со која потоа се разведе.

Росана и Коки се запознале пред 17 години, кога Росана работела како хонорарец во Македонската радио телевизија, а Коки со упкоениот колега Дуле, гостувал во емисијата „Утринско огледало“.

„ По неколку години, со пријатели излеговме една во дискотека каде што свиреа Дуле и Коки. Само што влеговме, забележав едно многу убаво момче. Ми се пресекоа нозете и мислам дека тоа беше љубов на прв поглед.

Кога го видов дека се качува на бината и дека ја отвора виолината, го препознав. Со мислите се вратив назад во времето на моето прво интервју со него. Се немавме видено многу долго време и мислев дека не се сеќава на мене, кога на мојот телефон добив порака:

„Здраво.“ Пораката беше од него и од тој миг знаев дека е тоа, тој. Го послушав срцето и еве од тогаш поминаа 10 години, години кои ги поминувам со мојот љубен, во среќа, хармонија, пријателство и во заедничко воспитување на нашата среќичка“, раскажала Росана за Женски магазин поодамна.

Парот после кажа дека тие иако се разделени се во добри односи и заеднички за грижат за нивната ќерка.

Росана Петревска, портпаролка и лице за односи со јавноста која се етаблираше во светот на комуникациите, заедно со ќерката Лара од бракот со виолинистот Коки (Дуле и Коки) викендов можевме да ја видиме во Охрид каде ја диктира модата, напиша пред некилку медели Независен весник.

Повлечена целосно од јавноста, многу малку се знае за неа по разводот со музичарот. Често е отсутна од државава и ретко може да се види тука. Таа со ќерка си Лара оваа година патуваше низ Европа.

Петревска важи за една од најубавите жени во јавниот живот, со искуство како заштитно лице на македонски моден гигант, претходно портпарол на АМСМ, а сега пред нов професионален предизвик.

-Бескомпромисна сум и не прифаќам изговори од типот „немам време, имам премногу обврски, имам деца…“ Жената е дама од своето раѓање и не треба многу време ниту пари за тоа да дојде од израз.

Потребна е само желба. Без оглед што правите и дали некаде излегувате или останувате дома, чиста и средена коса, лак на ноктите и малку кармин на устата можат да направат да се чувствувате како најубавата жена и кога чистите и кога спортувате.

Мојот совет до сите девојки и жени е дека одраз на женственоста не е длабокото деколте или мини-сукњата“, изјавила таа за Независен весник.

Росана сега повторно е активна на социјалните мрежи и нејзините фотографии се јавни. А во последната објава, таа покажа дека живее на висока нога, и откри каде патува.

Иако Белград не е могу далеку, таа во српската претсолнина летала со авион, и според сликите кои ги покажала се гледа дека ептен си ужива со стил. На едната од сликите, таа облекла краток фустан кој одлично и стои и исто така наздравила со коктел.

Според она што го напишала во описот на фотогртафиите, Росана вели: Сакај се себеси прво, позитивни вибрации, работа и задоволство, наскоро…

Останува да видиме што наскоро ќе се случи со неа и со што ќе ги изненади оние кои ја следат на социјалните мрежи.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.