БалканЗабава

“ЌЕ ОТКРИЈАМ СЕ, КОИ МАФИЈАШИ ТАА МУ ГИ ИСПРАТИ НА ФУДБАЛЕРОТ ВРАЊЕШ ”ТРАВЕСТИ*У – АЦА ЛУКАС ЈАВНО И СЕ ЗАКАНИ НА ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША

Аца Лукас и Јелена Карлеуша „влегоа во војна“ преку социјалните мрежи. Карлеуша го прозва Лукас затоа што ја поддржа Ана Николиќ која отпеа песна од Милица Павловиќ. Јелена му упатила остри зборови на Лукас, на што тој не и остана должен. Кавгата ескалирала до тој степен што Лукас на телевизијата Хепи ја најавил емисијата “Вистината за Јеца К!”

Лукас во еден од своите одговори ја спомена и репрезентацијата на Босна и Херцеговина, а за порталот „Аваз“ објасни и зошто.

Само поради Огњен Врањеш. Тоа беше алузија на Огњен Врањеш. Чисто заради хумор, ништо повеќе, ништо лошо. Ја бранев целата нејзина кариера од различните с*рања што ги има правено во нејзиниот живот, а кога и треба и малку публицитет, таа скока по мене.

Сега сакаше да и биде портпарол на Милица Павловиќ, која патем речено воопшто не ја споменав, туку само ја коментирав песната што Ана Николиќ одлично ја испеа. Не ја ни слушнав верзијата на Милица Павловиќ, а таа потоа скокна врз мене. Тоа е целата приказна – изјави Лукас.

Тој нагласи дека навистина му е доста и дека овој пат Карлеуша претерала.

  • Јас напишав што напишав, тешко е да се конфронтира со мене, сега ќе добие специјална емисија на нашата телевизија Хепи во која ќе откријам се што направила. Дури и со Огњен Врањеш. Јас лично му се јавив на Врањеш да го прашам, дури и се скарав со дечкото кој е 100 процентно во право, а сега ќе обзнанам зошто бил во право и што правела кај него дома во Брисел и кого пратила таму, какви мафијаши испратила кај него дома и слично. Па, тоа беше доволно – изјави Лукас.

Тој додаде дека ја заштитил најмалку 20 пати.

Кога му праќаше разголени слики на Врањеш јас застанав на нејзина страна, јас бев единствениот што ја бранев. И сега таа е повторно против мене. Сега, госпоѓо, ќе ви покажам колку е часот. Така ќе и се посе*ам во животот што нема да знае кај и е лево. Таа ќе го добие тоа што го заслужува. И да му се извинам на тоа момче (Огњен Врањеш), на крајот на краиштата, што го нападнав по телефон – истакна Лукас.

Тој рече и дека ако сакаат да го навредуваат, да не го нарекуваат „наркоманчиште“.

Секој пат ќе кажам: „Благодарам за комплиментот, ајде да направиме нешто друго“. Тоа не ме навредува. И не знаат што друго да ми напишат бидејќи знаат дека сум најдобар во се – рекол Лукас.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.