ЖивотТОПЦрна Хроника

ЌЕ ГО СПАСИТЕ ЛИ УБИЕЦОТ НА ОВА ДЕВОЈЧЕ?

Девојката од Радовиш.. НЕКА ПОЧИВА ВО МИР...

Можно е да е слика од 1 лице и текст

od slikite se gleda deka udrena e na pogorniot pesacki ne kade sto e zastanato voziloto, po deformaciite na haubata od voziloto pesakot stoel a e udten so brzina od 70 km/h

Анализите за тоа дали во крвта на младиот 22 годишник евентуално имало алкохол или други недозволени супстанци се уште не се пристигнати во Обвинителството, велат наши извори. Се уште нема ни точен податок со која брзина младиот човек го возел џипот кога се случи кобната сооибраќајка со смртни последици, и за тоа се чекаат резултатите од вештачењата. До Обвинителството се уште не е стигната ниту кривична пријава од МВР за овој случај.

Откако сите овие податоци ќе стигнат во Обвинителството, тоа ќе одлучи што ќе преземе понатаму. Сите овие околности ќе се ценат кога ОЈО ќе одлучува дали ќе издаде наредба за истрага за тешки дела во спообраќајот против животот и имотот на граѓаните, и дали ќе биде покренато Обвинение. Доколку ОЈО издаде наредба за истрага или покрене обвинение, ќе и соопшти на јавноста што покажале анализите на крвта и урината, со колкава брзина возел младиот човек, дали имал возачка дозвола и дали почитувал други прописи во сообртаќајот.

Сите овие сознанија ќе пресудат и дали Обвинителството ќе бара притвор за момчето кое ја предизвика сообраќајката, и дали би се барал притвор од 30 или осум дена, во зависност од тоа дали предвидената казна за ова дело е до пет или над пет години.

Инаку, Обвинителството има рок до 20 часот да одлучи дали ќе бара притвор, бидејќи Полицијата може да го задржи само до 20 часот, односно 24 часа по настанувањето на сообраќајната несреќа.

Од обвинителството апелираат медиумите да не излегуваат со непроверени информации, бидејќи на таков начин може да и се наштети на истрагата.

ОЈО вчера соопшти дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа извршил увид на местото на тешката сообраќајна несреќа во близина на трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје, во која животот го загуби едно лице, а уште едно беше повредено.

 

„Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога патнички автомобил „Цитроен Ц4“, управуван од лице на возраст од 22 години, удрил во двајца пешаци, девојка и момче на возраст од по 24 години, кои поминувале преку улицата. Од здобиените повреди, оштетената починала на лице место, додека другиот пешак е повреден и пренесен во болница. По наредба на јавен обвинител, возачот на автомобилот веднаш по несреќата е лишен од слобода и задржан во полициска станица. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатата, а нареди и вештачење на примероци од крв и урина од возачот на автомобилот со цел да се утврди дали тој управувал со возилото под дејство на алкохол или други недозволени супстанции. Издадена е наредба за обезбедување на снимките од видео надзорот на местото каде се случи несреќата. Се преземаат и други дејствија за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде донесена одлука за натамошното постапување“, се вели во соопштението од Обвинителството.

Наши извори објаснуваат дека доколку брзината на движење на возилото не може да се утврди на местото на несреќата, се наредува сообраќајно техничко вештачење, кое треба да ја утврди брзината, кочењето, и слични релевантни податоци.

 

За дополнителни информации се проверуваат и снимките од сите камери од околните места, за што му беше даден налог на МВР да ги обезбеди.

Штом имаат детални информации за сите овие прашања, од Обвинителството велат дека веднаш ќе ја информираат јавноста.

фото: принтскрин Телма

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.