Македонија

Ќе дозволи Хан ново одложување на изборите? Да тоа е сигурно

Нема навестувања дека би можело да има уште едно одложување на предвремените парламентарни избори договорени за 12 декември, оценуваат домашните аналитичари откако портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич најави дека еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, кон средината на месецов, најверојатно на 14 октомври, ќе пристигне во посета на Македонија. Напротив, тие очекуваат дека Хан овој пат ќе изврши силен притисок договореното, и во делот на политичката и во делот на правната разврска на политичката криза, доследно да се испочитува, со евентуално мало одложување во однос на распуштањето на парламентот, најавено за 12-ти овој месец.

Темите за кои еврокомесарот ќе разговара со претставниците на политичките партии, потписнички на пржинскиот договор, како што информира портпаролката Коцијанчич, најверојатно ќе бидат во насока на информирање за досега сработеното. Така, Хан пред сѐ ќе се интересира за тоа дали доследно се почитува договореното од 20 јули, каква е состојбата што им претходи на изборите, постојат ли опструкции и дали се спроведуваат реформите препорачани од Европската комисија.
06102016212530_web_dar_6232
Доколку се земат предвид потврдените најави за посетата на еврокомесарот Хан за следниот петок, тој ќе допатува во земјава во многу фреквентен политички период. Комесарот Хан би можел да затекне сѐ уште отворена расправа во Собранието околу донесување на буџетот за 2017 година, причина плус што може да придонесе Законодавниот дом да не се распушти, според договореното, на 12 октомври, односно, на 60 дена пред терминот договорен за избори. Паралелно со ова, пратениците треба да ги усвојат и измените во шестата изборна единица, која сега има повеќе гласачи од законски дозволеното, но работните групи во парламентот до вчера сѐ уште немаа постигнато договор за прекројување на изборните единици. Поради сето ова, партиите не ја исклучуваат можноста наместо на 12 октомври, парламентот да се распушти во периодот помеѓу 20 и 25 октомври, односно најдоцна 45 дена пред изборите, според скратените рокови кога се во прашање предвремените избори.

Во исто време, опозицијата деновиве повторно ја обвинува власта за наводните континуирани опструкции на работата на специјалното јавно обвинителство. По целата фактичка ситуација на политичката сцена во земјава и во пресрет на посетата на комесарот за проширување и добрососедска политика Хан, во јавноста има дилема дали тоа ќе го отвори патот за ново одложување на веќе договорените избори во декември или ќе дојде до проверка и потврда на роковите и сработеното од Пржино.

За универзитетскиот професор по меѓународна политика Денко Малески, најавената посета на Хан на земјава говори дека тој уште еднаш како многу пати досега ќе се обиде да ја притисне големата политичка четворка да го следат и да се придржуваат кон договорениот тек на работите за излез од кризата.

– Од избивањето на кризата меѓународната заедница, пред сѐ мислам на Брисел и на Вашингтон, се обединија околу две нешта. Прво, дека кризата ќе се решава преку предвремени избори и второ, дека вистината за наводите од неовластено прислушуваните телефонски разговори ќе се утврдува преку СЈО и подоцна ќе се разрешува преку судството. Е сега, она што го гледаме е дека првата линија се одвива релативно успешно и веќе имаме договорени избори. Околу втората, евидентно е дека имаме опструкции од кои можеби нема да можеме да ја надминеме и кризата. Таа голема дилема и сите идни расправи и на Хан и на западните амбасадори во земјава во овој период ќе бидат насочени токму кон тоа – вели Малески.

Професорот е дециден дека меѓународната заедница и нејзините претставници нема да инсистираат на отворање нова дебата и трошење ново време за изборите бидејќи датумот за нив е веќе договорен. Тој е убеден дека, доколку не се утврдат и не се решат овие два проблема заедно, во Македонија нема да има кредибилни избори и скорешен излез од политичката криза.
За разлика од него, поранешниот дипломат Ристо Никовски посетата на Хан ја оценува како не случајна.

– Посетата на Хан има пред сѐ за цел да притисне за извршување на сите преземени обврски, а чинам ќе ја нагласи заинтересираноста на Брисел изборите да се одржат на 11 декември. Тајмингот не е случајно избран бидејќи тоа е периодот кога ќе привршува и работата на Собранието и ќе треба да се донесат одредени одлуки што се важни за одржувањето на изборите. Според досегашната практика, распуштањето на Собранието не мора да биде на 12 октомври. Тоа може да биде и нешто подоцна – вели Никовски.



Македонија

Заболени
156,017
Мртви
5,489
Излечени
150,263
Активни
265
Last updated: 24/07/2021 - 10:11 (+02:00)

Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.