Колумни

Кажете му на Слави, јас ште патувам в Космосо, ама като Македонец..

marjan nikolovski fb status

Чудесно се разбираме….
XMA Header Image
Веста на денот сепак е победата на Краси во Македонија… Цели 96 Б’лгари гласаа за него. Од 120.000 Б’лгари со пасоши за Краси гласаа 96… но, доволно да се нарече победа…
За бугарското општество ова треба да биде јасен мотив за да затвори една банална тема со која властите мафтаа како квази аргумент.
120.000 репресирани Б’лгари, се всушност 96. И еден да е, треба да се почитува, но треба да се почитува и тоа дека оваа тема не е тема во македонско-бугарските односи…
Изборите во Бугарија се внатрешно прашање, кое нас индиректно сериозно не засега… така што тезата: „Што има тука да се објавува и известува за тамошните избори“ е ступидна и кусогледа, како што е за жал кусоглед и македонскиот светоглед…
Добро е што после 30 години медиумите во МКД овозможија македонската јавност барем да дознае кои се политичките актери во Бугарија, како што ревносно знаеше и знае што се се случува на политичката сцена во Белград. И тоа е еден исклучитено голем чекор напред во Македонско-бугарските односи. Секако позитивен…
За следен нов чекор потребно е ширење на светогледот и кон економските и кон културните и кон спортските и кон општо-општествените процеси кои таму се случуваат. Од повеќе ука и знаење нема зијан. На оние кои ќе Ви речаат нема нит аир… одговорете им… ако…
Внатреполитичката состојба во Бугарија, ваква сега каква што е, е иделна можност за развој на добрососетските односи.
Да…наспроти сите разочарувања, и совети да се сврти нова страница, треба да се прави токму спротивното… Секојднево да се форсира дијалогот, да се нудат идеи, да се отвараат врати, да се развиваат односите. Да се овозможи се што може да се овозможи за да општествата почнат да соработуваат. И што е поважно да станат зависни од таа соработка…
Паралелно, како што Бугарија во следниот период ќе се занимава сама со себе, тоа е одлично време да го посветиме ние сами на себе…
Што Македонија треба да направи сега? Да продолжи да го гради својот меѓународен имиџ на позитивец во негативниот филм… Во петте точки на разбирање има доста можност дел од нив да се решаваат. Не заради Бугарија, дел од тие точки треба да се решат заради Македонија.
И да… Најголемата лага е дека времето ќе работи за нас… Како времето за нас работеше видовме со спорот со Грција… Секоја одмината година, се полоша позиција… Белким нешто некој научи?
Во македонската јавност има многу магла од која тешко се разбира бугарската позиција… А таа не е лесна за разбирање, барем не ако не се обидете да ја разберете… Дополнително маглата ја јакнат агендите на ситни дневно-политичките интриги на политичари кои ништо не разбораат…
Во македонско-бугарскиот спор нема проблем, има недоверба и инает… за жал двостран…
Македонија е најтрагичниот дел од романтизираната бугарсака историја, а Бугарија е најголемиот ѓавол во инструментализираната македонска историја и тоа е космос и земја, што би рекол Слави…
За почеток Македонците, особено политичарите во Македонија треба една работа да разберат… Суштината на бугарската надворешна политика по Втората Светска Војна, а можеби веднаш и по Балканските војни е проста и јасна. Тоа не е политика Македонија да ја нема, туку сосема обратно… Ако не може да ја има Македонија во рамки на Бугарија, треба ја има како посебна држава, но… што подалеку од Белград…
Што овде не е општ, заеднички интерес на овие сегашни геренрации?
П.С. Кажете му на Слави, јас ште патувам в Космосо, ама като Македонец… и за негово задоволство ќе најдам уште стотина Бугари кои заеднички, пријателски и другарски ќе дојдат со мене и на Луната ако треба…


Македонија

Заболени
189,887
Мртви
6,594
Излечени
170,956
Активни
12,337
Last updated: 27/09/2021 - 08:45 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.