Живот

Кавадаречката фолкерка го живее својот американски сон: Се сеќавате ли на Јасмина Мукаетова? (ФОТО+ВИДЕО)

Кавадаречката фолкерка го живее својот американски сон: Се сеќавате ли на Јасмина Мукаетова? (ФОТО+ВИДЕО)

Своевремено важеше за една од најубавите и најатрактивни пејачки во златните денови на македонската фголк естрада иако се проба и во забавните води. Русокоса, згодна, со впечатлива природно виткана коса, упадливо нашминкана, Јасмина Мукаетова беше препознатлива и визуелно и по својот глас.

И кога сите очекуваа дека ќе направи голема кариера, кавадаречката убавица преку ноќ исчезна од естрадата, ама и од земјата. Имено, Мукаетова ја погодија ам,оровите стрели, па љубовта и донесе „понуда што не може да се одбие“ и замина за Америка.

Оттогаш мина повеќе од една деценија, а за Мукаетова малку се слуша и знае дома. Таа се омажи за  својот сакан Трајче, по потекло кавадарчанец од Њу Џерси во 2008 година.

Основаа семејство, Јасмина роди две машки деца, синовите Диме и Зуко и со својот Тале имаат семеен бизнис.

Јасмина очигледно исполнета и среќна, преку океанот го живее својот американски сон, а песната ја остави настрана, за ретки прилики, како што беше онаа минатото лето, кога Јасмина и сопругот на годишницата од бракот, по десет години од американската свадба во Лас Вегас, решија да направат и македонска.

За сите роднини, другари, соседи, пријатели, колеги… кои тогаш ги собраа во ресторанот во винаријата во Градско, па се пееше и славеше до зори, со колегите – ѕвезди од македонската, но и од српската фолк естрада, а за микрофонот се фати и невестата!

Мукаетова, впрочем речиси секое лето редовно се враќа на кус престој во родната Македонија, а МТВ неодамна не ја пропушти можноста како јавен и национален сервис, да ја повика во една од своите магазински емисии.

Во меѓувреме иако можеби активно и професионално не се занимава со музика, Мукаетова не ја заборавила македонската песна, па последното што го направи е преработката на македонскиот фолк бисер, „Дејгиди, луди млади години“, која во нејзина изведба можете да ја проследите подолу, како и визуелизацијата на истата во прекрасното видео.

Иако Мукаетова како да „скарана со годините“, па изгледа речиси исто, како воопшто да не се променила и остарела, изборот на песната веројатно кажува нешто друго… Како чувствува душата!

Ама, како и да е, едно е сигурно: И со гласот и со стасот им русокосата кавадарчанка гордо им пркоси на времето и годините!



Македонија

Заболени
106,110
Мртви
3,176
Излечени
94,275
Активни
8,659
Last updated: 06/03/2021 - 08:26 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.