ЖивотЗанимливости

Каролина Гочева без шминка: стара магарица битолска сум што ќе се кријам

Каролина Гочева без шминка: Пејачката не чувствува и нема потреба да ги сокрива годините од лицето (фото)

Гочева на 28-ми април наполни 42 години, но очигледно тие се само број кога е во прашање нејзиниот изглед.

Пејачката не споделила која е нејзината рутина за нега и одржување на свежината на лицето, освен кога треба да рекламира одреден козметички производ, но вака или така, кај неа мајката природа ја потшедила од грижи кога е убавината и естетиката во прашање.

Периодов, откако ја прележа короната, Гочева се фрли на работа ама и на уживање.

 

Неодамна таа ја објави својата нова песна „Од небо до дно“ која наедно е камбек на поп сцената, но и нејзино деби како автор на музика.

 

Оттука, нејзиниот профил на Инстаграм и Фејсбук редовно има нови објави, па Каролинче како по обичај кога има нешто ново на музички план, знае да фрли мамка до публиката и да зачини и со објави со по нешто од приватноста.

Во месец јули беше на одмор со сопругот во Италија, а потоа со внуките и сестра си.

 

Пред официјалниот крај на летото Католина објави летни фотографии како последен летен поздрав, а на едната од нив таа е во бикини и комплетно без шминка каде зрачи со својата природна убавина. Тоа беше и фокусот за што коментираа следбениците и и дамоа безброј комплимети на сметка на изгледот.

фото:Инстаграм/Каролина Гочева/принтсктин Дарко Мораитов



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.