ЗанимливостиСвет

„Камен пијан“ на гробишта: Ова ли е поп, роднините на покојникот во шок (ВИДЕО)

Неименуван свештеник од парохијата Св. Максимилијан предизвика сериозен скандал за време на погреб.

На вечните почивалишта се појавил прилично пијан, а алкохолот можеле да го намирисаат сите кои стоеле во негова непосредна близина.

Останатите забележале дека нешто не е во ред, откако почнало да му се плетка јазикот и да мрмори, а откако конечно изгубил рамнотежа и паднал пред гробот на покојникот, ожалостените го зеле под рака и го изнеле настрана.

Семејството на починатиот веднаш го пријавила инцидентот, а кога видеото стигнало до полските медиуми реагирал и портпаролот на надбискупијата во Гдањск кој изјавил дека свештеникот е упатен на лекување.

На семејството им било испратено извинување, но тие се заканија со тужба.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.