КолумниТоп2

Каков хаос се создаде во МВР после се, а нарочно после вработувањата

,,Кој на кого да верува”

Повод за овој мој статус ми дадоа последните 600 вработувања во МВР. Еве вака. Доаѓа вработен во МВР вчера наутро и гледа во својата канцеларија нови фаци. Овој не ги познава тие не го познаваат. Кој прв ќе започне разговор. Еден посмел дечко седи на неговото столче уште двајца стојат обесени ,потпрени на радијаторите. Чудна состојба. Прв проговара дечкото кој седи на столчето. Добро утро , повелете. Се помислува вработениот со доволно работно искуство скоро за пензија доколку му го признаат бенифицираниот стаж, и конечно проговара. Добро утро ми треба еден извештај за обвинителство, станува збор за предмет кој го работел вработениот и стои на бирото на кое сега седи непознатиот дечко. Останатите се само набљудувачи. Продолжува дечкото на столчето. А кој ве прати господине??? Што сега да одговори старовработениот, хмм ,никој не ме прати. Е па ако не ве испратил никој тогаш како може да барате извештај туку така, ова е МВР.

Ситуацијата зоврива и картите полека се отвараат. Јас овде работам, вели староврботениот, а на тоа нововработениот одговара , и јас работам овде па што.

– Од кога работите овде прашува нововработениот?

– А вие од кога старовработениот?

И така продолжува жолчна дискусија на која попушта старовработениот и ја напушта канцеларијата. Во холот гужва, нема поим кој е странка ,кој вработен, не познава никого. Се враќа во канцеларијата и без разговор го зема извештајот од бирото кој го работел претходно. Никој за кратко ништо не разговара. Се вклучува еден од оние на радијаторот:

– Вас господине како да ви е криво што сме ние тука ,му се обраќа на старовработениот, и му го покажува решението со кое е примен на работа ноќта истиот ден.

– Не ,воопшто не ми е криво само требаше да знам!

– Еве сега знаеш, добро е? Ама мене ми изгледа како да не е добро, а, не ви се допадна што и ние сме вработени, а, сигурно ти си комуњар, а, затоа не ти се допаѓаа ?

– Колега ова е институција во која политиката воопшто не треба да биде присутна му одговара старовработениот.

– Да, го знам твоето комуњарско размислување, не сакаш да се вработуваме, а, и ќе кажеш дека ќе нема плата за сите, дека е државата сиромашна, а, дека се задолжуваме, за да земаме плата и пензии, ги знам Јас тие ваши филозофии! Ете, и така да е продолжува нововработениот , се плашиш да не ти ја намалат платата, а! Е добро ,со вашето комуњарско размислување треба само Вие да живеете а ние да бидеме на улица ,а, е нема повеќе , сега сите сме исти!

– По кратко размислување одговара со смирен глас старовработениот. Во право си колега, не треба, но дали погледа какво е твоето решение и дека ти е доделено на 9 месеци, размисли ли зошто баш 9 месеци, за да ги покриеш овие, па и изборите кои ќе бидат напролет за локални власти, што потоа мој драг колега, инаку не сум ни комуњар ни посебен патриот , Јас сум само професионалец со адекватно образование за криминалистика и долг работен стаж во кој немам ниту една валканица, завршува старовработениот и ја напушта канцеларијата од која ја слуша последната реченица која во хор на висок тон ја кажуваат нововработените.

-И девет месеци нека се , повеќе се од ич, баш ни е гајле, важно е дека не вработија.

Која психологија и филозофија има во оваа раскажана приказна. Слабата точка. Празниот стомак и празниот фрижидер доведоа до лесна манипулација со народот, па Јас самиот си го поставив едноставното прашање: КОЈ НА КОГО ДА ВЕРУВА?

 

Dimitar Joveski



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.