Македонија

Како пратеникот Каевски за една година стекнал три стана и куќа со државна плата? A луѓето леб немаат да јадат овие комуњариве се товат

Пратеникот од редовите на СДСМ и поранешен директор на АМС, Дарко Каевски, само во последната година го зголемил својот недвижен имот за скоро 170 метри квадратни станбена површина, објави на денешната прес-конференција Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

Каевски во анкетниот лист, навел дека новостекнатиот недвижен имот е стекнат по пат на наследство, исто како и претходните недвижнини. Неговиот имот брои три стана, куќа и деловен простор. Дали ова е начин да се сoкрие вредноста на стекнатиот имот поради што би се отвориле прашања како и на кој начин е стекнат имотот? Како со државна плата се обезбедува волкав имот и колку време му е потребно на работник со просечна плата да го обезбеди ова ниво на стекнат имот?, прашува Митева.

Митева јавно го прашува Каевски – на кој начин ги стекнавте средствата за купување на овие недвижнини и дали при тоа купување имаат улога финансии стекнати преку вршење на услуги кон државата?

Јавноста очекува одговори. Дали е ова начин на кои се добива наградата на сметка на државата? Дали СДСМ од носителите на јавни функции создава млади политичари со големи сметки?, вели Митева.

 

извор: republika.mk



Македонија

Заболени
103,020
+233
Мртви
3,144
+7
Излечени
91,507
Активни
8,369
Last updated: 01/03/2021 - 17:11 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.