Балкан

Како Милан Мариќ ја одбрани колешката Милена Радуловиќ по погрдните коментари за секс сцените во „Тома“?

Погрдни коментари осамнаа на социјалните мрежи за жешките сцени во „Тома“ во кои игра Милена Радуловиќ, а која минатата година го обвини својот професор по глума за силување. Милан Мариќ, застана во одбрана на својата колешка.

milan-marikj-vo-odbrana-na-koleshkata-milena-radulovikj-po-pogrdnite-komentari-za-zheshkite-sceni-vo-toma-01.jpg

Филмот „Тома“ предизвика лавина реакции на Балканот. Некои се воодушевени, некои пак имаат негативни коментари, а последна на удар се најде актерката Милена Радуловиќ заради жешките сцени во филмот.

milan-marikj-vo-odbrana-na-koleshkata-milena-radulovikj-po-pogrdnite-komentari-za-zheshkite-sceni-vo-toma-02.jpg

Минатата недела Милан Мариќ (31), кој го толкува Тома Здравковиќ, гостуваше во емисија на телевизијата К1, каде ги прокоментира и жешките сцени во филмот кои ги игра заедно со Милена Радуловиќ (26), па рече:

„Сите се водевме од емоцијата и интуицијата. Бјела ни дозволуваше во сцените да нè водат емоциите.

Моја должност беше како повозрасен колега во сцените со Милена Радуловиќ да бидам внимателен и грижлив“.

milan-marikj-vo-odbrana-na-koleshkata-milena-radulovikj-po-pogrdnite-komentari-za-zheshkite-sceni-vo-toma-03.jpg

Сепак, оваа изјава на Мариќ беше извртена од страна на tвитерџиите и беа упатени навредливи и погрдни коментари, на кои Мариќ исто така се чувствуваше должен да одговори.

„Сега, апропо филмот ’Тома‘ на малите екрани, Мариќ вели дека во секс сцените морал да биде мошне нежен заради траумите на Милена.

Момчето има напраавено превид дека филмот е снимен во летото 2020-та година, а таа својата траума ја објави во јануари 2021-ва година. И кого бе вие го зае**вате?“ – стои во коментарот.

Milan Maric
@eugensmesni
1. Dečko to nije izgovorio. 2. Dečko je rekao da se kao stariji kolega i muškarac oseća odgovornim za svoje koleginice na setu, pa i za Milenu. 3. Dečko je prevideo koliko malicioznih ljudi ima. 4. Dečko Vam želi sve najbolje.😘 youtu.be/uK1bcIEjHgU od 11:15 do 13:33
utvojimmolitvama
@skidamkonce
Sad apropo filma Toma na malim ekranima. @eugensmesni kaže da je u seksi scenama morao da bude veoma nežan zbog trauma @mileenanena. Dečko je prevideo da je film sniman u leto 2020 a ona svetu svoju traumu obznanila 2021 u januaru. I koga bre više zajebavate?

 

Имено, овој твитерџија во својот погрден коментар алудира на скандалот кога во текот на изминатата Милена Радуловиќ го пријави професорот Мирослав Мика Алексиќ за силување.

Таа рече дека професорот ја силувал додека имала само 17 години, а потенцира дека тоа се случило повеќепати.

 

 

Од друга страна пак, Милан Мариќ застана во одбрана на својата млада колешка, па даде свој коментар на Твитер:

1. Момчето тоа не го изговори.
2. Момчето рече дека како повозрасен колега и маж се чувствува одговорен за своите колешки на сетот, па и за Милена.
3. Момчето предвиде колку злобни луѓе има.
4. Момчето ви посакува сè најдобро.

 



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.