Живот

КАКО ИЗГЛЕДАЛА МАКЕДОНИЈА ВО 1971?

„Селаните, кои се подготвени да го споделат својот скромен дом со туѓинци, живеат во рамнотежа помеѓу реалноста и кошмарот“ – вака напишал американски фотограф во писмо од 1971 во текот на неговиот шестмесечен престој во Македонија. Од тука заминал со преубава збирка фотографии, која покажува колку ни била убава земјава, полна со живот, смрт и врколаци. Не како денешнава, напредна.

Girl playing dead with coins on eyes

Plain of Skopje with peasant, from the mountains above

Пред половина век фотографот Нил Фолберг, на возраст од 21 година, пристигнува во тогашна Социјалистичка Република Македонија. Планира да остане шест месеци за да направи серија документарни слики, со грант добиен од Универзитетот во Калифорнија, Беркли. Пред да замине минува доста време анализирајќи ги делата на Доротеа Ланг, позната по фотографирањето на Америка во време на Големата депресија, на кои се прикажани карактерот и силата на оние на сликите. И не само тоа, Фолберг минал две години изучувајќи го јазикот и проучувајќи ја културата на Македонија, за да може подобро да комуницира но и да го разбира контекстот на она што се случува пред неговиот објектив.

Saint's day festival at cemetary

Funeral, Strumica

Еве што напишал во едно од своите писма: „Селаните, кои се подготвени да го споделат својот скромен дом со туѓинци, живеат во рамнотежа помеѓу реалноста и кошмарот. Не си ја сакаат земјата, се плашат од неа. Работат напорно, некогаш земјата дава, некогаш не. Се сеќаваш колку беше чудно кога читавме дека тукашните жени веруваат дека нивните мажи се претвораат во врколаци? Тука сето тоа изгледа можно. Опсесијата со смртта е очигледна, а животот е само чин на привремена победа над неа“.

Користената техника се сребрени желатински принтови, а сцените се од секојдневниот живот – свадби, крштевки, сунети, кафани, бербери и погребници. Tие даваат увид во живот кој и денес како уште да се одвива во рамнотежа, помеѓу реалноста и кошмарот.

Нил Фолберг сега има 70 години и работи во свое студио во Израел.

извор



Македонија

Заболени
146,733
+824
Мртви
4,419
+31
Излечени
122,121
Активни
20,193
Last updated: 18/04/2021 - 00:26 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.