КолумниТОП

Како е можно директор на Катастар да има фирма за геодезија, а сопругата да добие концесија за производство на струја до 2054

Стоилковси: Како е можно директор на Катастар да има фирма за геодезија, а сопругата да добие концесија за производство на струја до 2054

Денеска следува уште една прес конференција со уште еден доказ и со уште една причина зошто Македонија тоне на сите мерења на корупцијата. Тоне на сите мерења за борбата со криминал, тоне на сите мерења за партизација на државата, ова денеска преку прес – конференција го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Следува уште еден доказ за приватизација на институциите, следува уште еден случај за украден живот за четирите години начин на владеење на Заев со криминал и партизација на Македонија. Ова е лиценца издадена на неверојатни 34 години за компанијата КБ Енерго Соларис ДООЕЛ Скопје, лиценца за вршење енергетска дејност, производство на електрична енергија. Издадена е на 24 август 2020 година, а трае до 24 јуни 2054 година, цели 34 години. Можеби се би било во ред да не се работи за компанија во сопственост на директорот на македонскиот катастар Борис Тунџев односно за компанија на име на неговата сопруга. Според информациите кои што тој лично ги доставил до Државната комисија за спречување на корупција ова е компанија на неговата сопруга, но нема податоци за тоа кога и по кој основ ова компанија е стекната. Додека директорува со републичкиот катастар Тунџев приватно односно неговата сопруга добива концесија за 3000 метри квадратни фотоволтаици до 2054 година, на цели 34 години, вели Стоилковски.

Тој прашува дали своите приватни бизниси Тунџев ги става на име на неговата сопруга?

Она што е интересно е дека фирмата на семејството Тунџеви е основана во 2019тата година, а веќе во 2020тата година добива концесија за производство на струја која трае до 2054 година со потпис на Марко Бислимовски, претседателот на регулаторната комисија за енергетика. Дали своите приватни бизнис Тунџев ги става на име на неговата сопруга и така да прави влијание и да се добива концесија за работа за цели 34 години? Мора да напоменам дека покрај оваа фирма за производство на електрична енергија, сопругата на Борис Тунџев има фирма за дејност која што е во тесна релација со катастарот воден токму од Туџев, а тоа е фирма за геодезија чие што содејство е сродно со образованието на Тунџев бидејќи она не е ниту геодет, ниту електрично, но Борис Тунџев е. Но, сепак сопругата има две компании, една за производство на електрична енергија, а друга е за геодезија. Мора да се нагласи дека Тунџев во својот анкетен лист свесно ја изоставил фирмата Гео проект на неговата сопруга која што практично е негова компанија. За ова иста работа Тунџев мора да одговори дали претходно не беше казнет од Антикорупциската комисија за прикривање на податоци за неговата имотна состојба. Како е можно еден инженер по геодезија кој што истовремено е и директор на катастар на Република Македонија во неговото семејство да има фирма која што се занимава со геодезија, дејност која е најтесно поврзана со катастарот и каде што се слеваат огромни финансиски средства секоја година. Го прашуваме Тунџев и тој мора да одговори, вели Стоилковски.

Тој додава дека како е можно еден директор на катастар да не ја искористува својата моќ и положба да влијае врз добивање на лиценца за производство на електрична енергија на фирма која што е во сопственост на неговата сопруга, дали е воопшто тоа можно или пак можеби Тунџев не е во тек за фирмите на неговата сопруга или пак успехот на овие фирми се крие токму во неговата функција?

Ја повикуваме Државната комисија за спречување на корупцијата, но и Јавното обвинителство да се ангажираат и да ги испитаат сите врски на директорот на катастар со бизнисите во неговото најтесно семејство, со бизнисите на неговата сопруга на која што според информациите се слева добра сума на пари во семејните фирми. Доста е од криминал, како што реков на почетокот, ова е само уште еден доказ за четирите години владеење на Заев. Четирите години украден живот во Македонија, потенцира Стоилковски.



Македонија

Заболени
155,655
+10
Мртви
5,481
+3
Излечени
149,933
Активни
241
Last updated: 24/06/2021 - 23:26 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.