Балкан

Кафе за евро ипол, сок за едно, пиво ни цели две евра- има и вакви цени во Грција, и тоа на ова популарно место на Халкидики

Грција и годинава е топ дестинација за летување, особено за Македонците и за Србите како и години наназад.

По изминатите пандемиски години, кога границите беа затворени, или лани, кога за влез требаше да се поседува негативен тест или потврда за имунизација, оваа година, рампите се кренати и граѓаните без проблеми патуваат.

После две години апстинирање од летување, годинава се чини дека сите тргнуваат на плажа. Поради тоа, цените веќе не се исти како порано. Македонци и срби потенцираат колкави се цените.

Но, има и такви особено млади родители кои прашуваат за разни детали за одмор, од тоа каква е плажата, колку е далеку од смештајот до разни други прашања кои ќе им бидат од корист за летувањето.

Еден македонски турист на шега ја опиша сцената снимена во седум часот наутро како натпреварувачки дух на балканските туристи во играта „кој може побрзо, кој подобро“.

На фотографијата се гледа дел од хотелската плажа каде веќе се земени сите лежалки, односно „означени“ со крпи или чанти.

Секој ден треба да отидеш порано, а на плажа можеш да одиш и напладне, се додека во групата имаш претприемнички ранобудник кој ревносно ги зазема првите три реда“, пишува читател од Македонија.

Додавајќи дека и порано видел слични ситуации, но сега забележува дека нашите луѓе тоа го прават „корпоративно“, односно дека една ноќ зафаќа, како што вели, 20 лежалки и тоа – за секој случај, водејќи се од мислата: „Можеби ќе дојде некој наш“.

Други корисници се согласија дека биле сведоци на истите сцени пред неколку години.

„Прв пат го видов ова во Паралија. Бев шокиран. Во 6 сабајле со сите алишта трчаат да остават крпи на лежалките“, „Станувам во 5, но сами си носиме лежалки.

Да бидам искрен, додека да стигнам до плажата (30 метри) слободната зона е веќе окупирана“, гласат дел од коментарите.

Други, на кои оваа практика воопшто не им се допаѓа, веднаш понудија некои решенија.

„Додека не ја откажат „резервацијата“. Забрането е во многу одморалишта“, „Срамота“, „Ние самите сме виновни за тоа, затоа што ја трпиме оваа ароганција.

Убаво ги тргате „маркерите“ и си ги ставате работите“, „Ужас. Треба да се забрани…“, се вели во коментарите.

Во групата На одмор во Грција се објавени цени од лежалките и од пијалоците во регионот кој е популарен кај Македонците и кај Србите и цените се најефирни во Олимписката ривиера, кај Паралиа и во Олимпик бич.

Цените на плажите на Егејско море: Олимпик бич: лежалки 4€, кафе 2€, сок 2€, пиво 3€, гиро 3.3€, Мусака 5.5€. Во Паралиа пак, лежалките се 5€, кафето е 2€, сокот 2, пивото 3, гирото 3, а мусаката е по цена од 7 евра.

Во Полихроно, на првиот крак Касандра на Халкидики, лежалки се бесплатни, но мора да се нарача за пиење. Кафето е 2.5 евра, сокот исто така 2.5, пивото 4, гирото 4, а мусаката 8.5 евра.

Во Неа Мудања, лежалките се исто така бесплатн, но мора да се нарача за пиење. Кафето чини 3 евра. сокот 3.5, пивото 4, гирото исто така 4 евра, а мусаката е 8 евра.

Во популарното место Сарти, на вториот крак Ситонија на Халкидики, лежалките не се наплатуваат со консумација. Кафето е 2.5 евра, сокот со иста цена, пивото 3.5 евра, гирото 3.5 евра, а мусаката чини 7.

Исто така на Ситонија, во местото Вурвуру лежалките се доста скапи, и таму мора да се платат по 15 евра од сет (две лежалки), а посебно се нарачуваат пијалоци.

Кафето е 3 евра, соковите 2.5, пивото е 4.5 евра, гироро 4 евра, а мусаката како и лежалките е со најскапа цена и ќе ве чини 9 евра.

Популарната Портокали бич, каде што речиси секогаш е гужва, лежалките се исто така бесплатни, но мора да се нарача за пиење.

Кафето чини 4 евра, сокот 3.5, пивото 4, ама мало од 0.33 ml. Најефтината храна која може да се нарача овде е тост и е по цена од 4 евра.

Во Неос Мармарас на вториот крак на Халкидики, лежалки се бесплатни, но мора да се нарача за пиење. Кафето на плажите во Неос Мармарас чини 2.5 евра, соковите исто така 2.5 е вра, пивото е 3.5 евра, гирото е иста цена како пивото 3.5 евра, а мусаката е 7 евра.

Можете да надополните во коментар со некое друго место .Цените се подложни на измени во зависност од периодот на летото“, стои понатаму во објавата во групата.

На Фејсбук се појавија слики од едно од најпопуларните места на Халкидики, а тоа е Ханиоти. Со години, во Ханиоти летуваат главно Македонци и Срби е познато како место каде кое што е доста прометно, особено во топ сезона.

Според сликата која е споделена на Фејсбук, цените овде се доста пристапни. Иако се работи за пијалоци, но и храна за носење, сепак се исплати за освежување и за ужина или ручек.

На пример, Фрапе, еспресо и грчко кафе чинат по 1.5 евро, а сок може да се купи за едно евро. Сладоледот е иста цена како и кафето, како и газираните сокови, кои се евро ипол.

Пивата, во зависнот од фирмата и количината, се движат од 1.80 до 2.50, мала вода е половина евро, голема вода едно евро, а се нуди и вино за 2.30 евра. Најскапи пијалоци се милк шејкот- 3.5 евра и мохитото кое се продава за 5 евра.

Во друга понуда пак, цените на кафињата се слични како кај првата, а се продава и хот дог за евро ипол, пица за 1.70 и сендвич за 2.50 евра.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.