Свет

Кадиров иронично му се заблагодари на Бајден: Фала за храната и оружјето

Специјалните сили од Чеченија ги расчистуваат украинските засолништа и бази во градот Попаснаја во Луганската Народна Република. Чеченскиот претседател Рамзан Кадиров објави снимка од улиците на градот и иронично заблагодарувајќи се на американскиот претседател Џо Бајден и на Европа за набавката на оружје, кое на крајот падна во рацете на руската армија.

„Практично секоја куќа и секоја улица овде е покриена со модерно оружје, кое националистите го оставија при првата закана.

„Сега ни се на располагање митралези, суви оброци, па дури и складишта за храна. Така пофалената помош на украинската армија што ја даваат земјите од Европа и Америка, на крајот, нам ни е корисна. Му благодарам на господинот Бајден за неговиот цврст став за повторно опремување на нашите сили. Благодарение на неговиот интегритет, нашите борци добиваат дополнителна храна и оружје“, напиша Кадиров на својот Телеграм канал, заедно со објавените снимки.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.