Македонија

КАДЕ СЕ УЧИЛИШТАТА И УЧЕНИЦИТЕ

  • Постојано читам, постојано слушам, постојано гледам, постојано следам, постојано анализирам, постојано пишувам за одредени состојби во државава меѓу кои и за состојбите во образованито. Во овој момент би се осврнал на состојбите во основното образование од повеќе причини а тоа се намалениот број на училишта и намалениот бројот на ученици. Веднаш на почетокот да кажам и тоа дека состојбите се детектирани и анализирани врз основа на званично објавените податоци од Државниот завод за статистика. Истите податоци како и сите останати кои се коментираат од Владата на Република Македонија, Стопанската комора, останатите државни институции, политичките партии, невладини асоцијации и сите оние што се занимаваат со анализи, коментари, барања, планирања и многу други појави кои се во функција на иднината, извор на податоците е Државниот завод за статистика. Во конкретниов случај исто на почетокот да најавам дека анализираните состојби кои ќе бидат коментирани се од званично публикувани и објавени податоци од Државниот завод за статистика а не од изјави од вработени во Министерството за образование и наука. Објавените званични податоци од званичните државни институции кои работат согласно меѓународни методологии, стандарди, дефиниции и препораки се доставуваат до меѓународните институции и истите се објавуваат и споредуваат со државите во Европа и останатите држави. Постојано со години наназад а посебно во изминатите десет години слушавме, читавме, гледавме како се кажува дека бројот на училиштата се зголемувам односно како градиме или изградивме нови училишта. Во тој контекс може да се каже дека според званичните податоци кои се објавени, бројот на основни училишта во периодот 2006/2007 ученбна година кога имало 1003 основни училишта во 2015/2016 година нивниот број објавен званично изнесува 988. Тоа значи дека во наведениот период бројот на основни училишта е намален за 15. За тоа како се движел бројот на основните училишта може да се коментира и за секоја учебна година поединечно, меѓутоа тоа се анализи кои се за поширока расправа на надлежните владини институции или за оние кои постојано кажуваат колку работат, какви резултати постигнуваат, каков развој имаат и како продолжуваат да градат.

    Не сакам да споменувам личности започнувајќи од поранешниот премиер, министри, заменици министри, советници, парламентарци и други кои кажуваат бројки за изградени основни училишта. Во оваа функција би навел само дека пред една година изјава имаше еден висок функционер дека оваа година ќе се градат шест нови училишта се мисли на 2016 година и дека досега се изградени 72. Натписите овие денови во дневните печатени медиуми пишуваат дека, училишните згради остануваат запустени поради немање на ученици. Вакви состојби ги има повеќе во руралните општини каде што голем број на училишни згради во изминатите години не само што се напуштени туку се и руинирани и оставени на забот на времето. Со години наназад постојано се коментира, пишува, зборува за намалување на бројот на ученици во основните училишта а тоа секако дека има одраз и на бројот на ученици во средното образование. Меѓутоа, сега како и погоре би кажал одредени состојби за бројот на учениците во основните училишта. И овде податоците кои ќе се анализираат се врз основа на званично објавените податоци од Државниот завод за статистика каде се следат појавите на почетокот и крајот на годината. Бидејќи постојано е актуелна состојбата со појавите на почетокот на учебната година и овде станува збор за тие состојби.. Апсолутно е точно и познато дека бројот на ученици од една до друга учебна година се намалува. Ако тоа сакаме да го прикажиме за изминатите десет години состојбата е следна: во учебната 2006/2007 година бројот на ученици во основното образование вкупно изнесувал 231497 ученици а според последни објавени податоци во 2015/2016 учебна година нивниот број изнесувал на почетокот на годината 185992 ученици, што значи нивниот број во наведениот период е намален за 45505 ученици. Анализираните податоци се однесуваат за сите основни училишта по општини во Република Македонија.Ова намалување инаку просечно годишно е намален за околу 5000. Само за споредба и информирање, годишно во други земји се толку живородени деца од нашата земја. Како се движел бројот на ученици по општини треба да ни е јасно од причина што истиот се намалува во 77 општина а само во 3 и тоа Центар, Вевчани и Могила е зголемен, во учебната 2015/2016 година.

    images (12)

    Покарактеристични општини каде бројот на ученици се намалува се: Берово, Боговиње, Врапчиште, Виница, Гостивар, Дебар, Зрновци, Карбинци, Кичево, Кочани, Кратово, Куманово, Липково, Маврово Ростуше, Македонска Каменица, Ново село, Охрид, Пехчево, Радовиш, Ресен, Струга, Теарце, Тетово и тн. Доколку ова се анализира за подолг временски период сликата е уште пострашна од аспект дека околу 40 општини од Пописот на населението во 1953 година до проценките на населението со состојба 31.12.2015 година имаат намалување и на наталитетот и на населението. Причините се овие појави на населението се поради намалениот наталитет и миграционите движења како внатрешни така и надворешни. Истото може лесно да се констатира и врз основа на појавите во наведените општини врз основа на намалениот наталитет во земјата а зголемен наталитет во други земји а тоа е резултат на иселувањето од земјава. Многу позната а интересна е појавата и на намалување на бројот на ученици во прво одделение во основните училишта. Истиот се намалува секоја година со години наназад. Во оваа учебна година 2016/2017 година според дадената изјава од Министерството за образование и наука бројот на ученици запишани во прво одделение е 21213 со можност за тој да сезголеми. Ако овој број на првачина го споредиме со претходната учебна година тој е намален за 534. За уписот на ученици во прво одделение податоци се добиваат во училиштата од Министерството за внатрешни работи. Во овие состојби на чести миграции со преселба од едно во друго населено место, од една општина во друга, заминување надвор од државата и неводење ажурна евиденција од надлежните институции, непочитување на законите од надлежните институции како и на граѓаните, неможеме да ја знаеме правата или фактичката состојба на населението во земјата а не пак по региони, општини и населени места. Оваа појава е присутна во земјава во подолг временски период, меѓутоа тоа и покрај низа превземени мерки, препораки, маркетинзи, посочувања неможеме да го надминеме. Најсвежа состојба е и со Избирачкиот список со кој се бориме во земјава подолг временски период и никако истиот да го прочистиме, од причина што незнаеме званично колку наши државјани се во други земји не сами или полнолетни туку со своите семејства. Затоа ако ги анализираме податоците по години посебно на живородените деца ќе се забележи дека нивниот број е помал во запишани ученици во прво одделение. И најдобар е примерот за сега во овој момент бидејќи пред 6 години се живородени деца 24296 а сега од нив во прво одделение се запишани 21213. Следи прашањето каде се овие 3083 деца што недостасуваат. Наведениве состојби повлекуваат многу отворени прашања во земјава кои заслужуваат внимание а за што надлежните институции кои не функционираат доволно а посебно во својата комуникација, усогласеност во законите, дефинициите, стандардите, методологиите доведуваат во прашање многу, многу вакви појави во повеќе свери на нашето работење и недоразбирања. На крајот да се спомне и тоа дека постојат низа документи донесени кои не даваат резултат, постојат многу изјави и натписи во печатените медиуми, на разни дебати е дискутирано, на разни и повеќе емисии на електронските медиуми е расправано, потрошени се високи и финансиски средства за овие и вакви активности на пропаганда, маркетинзи, студии и препораки.

    На ваквите појави секако од сверата на образованито треба да се спомне и за бројот на паралелките кој во изминатиот период е зголемен за 72 а исто така и бројот на наставниците од 15098 во учебната 2006/2007 на 17628 во 2015/2016 учебна година. Разликата е 2530 настаници повеќе. Тоа вероватно е поради нови наставни содржини, нови предмети кои преставуваат проблем во образованието а посебно за овва возраст на деца или нивната оптеретеност како на голем број на активности на наставниот кадар за административни работи.

    м-р Дончо Герасимовски, поранешен директор на Државниот завод за статистика



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.