КолумниТОП

Јордан Камчев повторно однесен на Клиниката за кардиологија во Скопје

Јордан Камчев повторно однесен на Клиниката за кардиологија во Скопје Денеска, за време на редовната посета на КПУ затвор Скопје, г-динот Јордан Камчев повторно се пожалил на своите бранители на влошена здравствена состојба. Имено, во текот на вчерашната вечер Камчев во затворот имал гушење, голема главоболка и се чувствувал многу лошо, но во КПУ затворот во Скопје во моментот немало дежурен лекар за да го прегледа и интервенира па поради сериозноста на состојбата викната е брза помош, констатирано е зголемен крвен притисок и на г-динот Камчев му е дадена соодветна, моментална терапија. Утрово, и покрај примената терапија од брзата помош во текот на вчерашната вечер, Јордан Камчев повторно бил во лоша здравствена состојба и со возило на брзата помош е пренесен на Клиниката за кардиологија во Скопје.

По реакција на лекарскиот тим на Клиниката за кардиологија во Скопје и по стабилизирање на состојбата на г-динот Камчев тој е вратен во КПУ затвор Скопје каде што ја издржува мерката притвор. Неколку пати како одбрана реагираме на сериозно влошената здравствена состојба на г-динот Јордан Камчев, која што очигледно продолжува да се влошува поради непостоење на соодветни медицински и санитарни услови за третирање на неговата здравствена проблематика. Со фамилијарен историјат на кардиоваскуларни болести, г-динот Камчев од својата 15та година прима соодветна терапија за оваа здравствена состојба, а пред само десетина дена поради влошување на состојбата тој пет дена беше хоспитализиран на Клиниката за кардиологија во Скопје. Сериозноста на здравствената состојба и ризикот кој постои по неговото здравје поради неможноста истата да биде соодветно третирана во затворот е докажана и од четири различни, релевантни медицински институции и со сета останата документација е уредно доставена до Судот.

Адвокат Сашо Бошков Адвокат Александар Михајлоски Адвокат Гоце Ристески (Дел од Правната одбрана кои денеска биле во посета на г-динот Јордан Камчев)



Македонија

Заболени
156,017
Мртви
5,489
Излечени
150,263
Активни
265
Last updated: 24/07/2021 - 09:41 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.