ЖивотЗабава

Јој Зорица пуштила шлиц и нацијата падна у севдах….

Заева блескаше во своето ново модно издание

И покрај тоа што црната боја доминираше и во овој случај, Зорица Заева и во ова издание блескаше во сиот свој сјај.

Познато е дека Зорица секогаш кога ќе „исплива“ на некоја фотографија на социјалните мрежи предизвикува голем внимание во јавноста.

Така беше и овој пат кога блесна на фотографија на која најмногу внимание привлече со својот преубав црн фустан.

Фото: Инстаграм/ Драган Гоцев

Во прашање е креација со интересен крој, но и со еден посебен детаљ со кој никого не остави рамнодушен.

Од ова свечено издание можеме да видиме дека црната боја која не излегува од мода, и стои добро на Заева, посебно на нејзиниот тен, но и дека знае како да ја носи.

Фото: Инстаграм/ Драган Гоцев

Таа и пред месец дена привлече внимание, но тогаш наместо црн фустан со кој до израз дојдоа нејзините нозе, носеше бел модел.

A еве и уште едно црно издание на Заева (Фото: Инстаграм/ Драган Гоцев)

Што се однесува до нејзиното последно издание, во прашање е креација која има бели рабови и со бела постава, зачинета со интересно деколте, но и длабок шлиц со кој Зорица ги стави своите нозе во преден план.

Фото: Инстаграм/ Драган Гоцев

Таа целото издание го заокружи со преубави црни сандали со високи потпетици, залижана коса и впечатлива огрлица.

Инаку, Заева ова издание го избра за матурска прослава, а како изгледаше и нејзината ќерка, погледнете на следниот линк.

 

 

Culta Gaia

Во продолжение погледнете и неколку свечени црни тоалети за кои не инспирираше ова издание на Зорица.

Solace London

 

Zimmermann

 

BHLDN



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.