Колумни

ЈАВНОСТА БАРА ОДГОВОРНОСТ ОД ГАЗДИТЕ НА ТУРИСТИЧКИ АГЕНЦИИ: ДО КОГА ЌЕ ПРАЌАТЕ ИЗМОРЕНИ ВОЗАЧИ НА ДОЛГИ РЕЛАЦИИ?!

Уште колку животи треба да изгубиме и трагедии да доживееме за да научите дека нема играчка со превоз, нема играчка со несоодветни брзини и изморени до трт возачи кои возат Луѓе, а не камења?!

До кога сите ќе молчиме за:
– фалш технички прегледи,
– криминал со дигиталните картици и тахографите
– фалш лекарски прегледи на возачите
– за сите скапани, тумбани, изгорени па репарирани нашминкани, конфискувани автобуси со фалсификат документи и преправани шасии што се во промет пуштени,
– за сите лиценци добиени под рака
– за возачите што ги пуштате неодморени од тура на тура без при тоа да им обезбедите услови за одмор спијат по автобуси и паркинзи на рати, а треба да ви возат километри и километри пак назад
-дека автобусите сами си ги приправате и доправате или си барате возачи кои се разбираат бар малку и да лежат под автобуси да го средат дефектот дур вие во џебчето имате змиички……
-до кога со тубите црвена нафта или најевтино купена за да не се танка у странство јер је поскапа нафтата за некој цент
– до кога ќе збирате возачи од кафана поднапиени за вашите непланирани тури
– до кога ќе им дозволувате а по примери и од газдите со телефоните во рака да летаат по патиштата и да зборат или да го снимаат патот?!?!?
За што?! За повеќе пари ли?!?

Имам уште многу да пишувам и прашувам До Кога ама премногу сум вознемирена од една страна, а од друга благодарна на Бога што 15 години ме чуваше по патиштата кога и мене ми се запалил автобус, кога на возачот му било лошо а сам пратен на тура од 3000км со мене и уште 50 и кусур души, кога на секое влагање во автобус душата ми се тресела и на секоја пауза сум се молела на Бога само да стасаме дома живи и здрави!!! Кога на укажани дефекти ти викале терајте!!!
Можам цела книга да напишам за да раскажам како се работи превоз и туризам во Мк, и Слободно нека ми се налутат колегите превозници и од агенции ама баш ме Заболе, сега сваќам дека за вас сте битни само вие и вашата заработка без при тоа да се за секирате најпрво за луѓето кои ви ја одработуваат работата и го жртвуваат својот живот и на уште 5о и кусур луѓе за Вие да се богатите!!
До кога нема да знаете за тоа што значи СОП (стандардни оперативни процедури)?!?

Чест на исклучоци можам на прсти да ви ги набројам превозниците кои работат професионално, коректно и исправно по Закон и пропис, сѐ друго е шлајм!!!

Можеби не е моментот за ваков пост…. Ама мака ми е бре веќе од сите преќутувања, душа ме боли за секој човечки живот… 🙁
Сите се возиме со истиот автобус!!! Сите сме соучесници додека молчиме. Доста е!!!

Јасмина Апостоловска



Македонија

Заболени
216,328
+333
Мртви
7,609
+17
Излечени
200,669
Активни
8,050
Last updated: 02/12/2021 - 23:00 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.