КолумниТоп2

Јас се обраќам до вас господине Венко со молба да прекинете да не вреѓате, да прекинете да не лажете, да прекинете да го мамите народот

Примарно, да биде јасно, јас ве гледам како главен виновник за Конфекцискиот кластер во Источна Македонија, за Велигденскиот, Бајрамскиот и Струшкиот кластер, за Кумановскиот кластер, и паниката што ја предизвикавте со локдаунот само на град на Скопје

Добро вечер господине Венко Филипче. Ве изгледав денес по телевизииве и би сакал да дадам мој осврт на целата ситуација…

Фотографија на Johan Elzeser.

Примарно, да биде јасно, јас ве гледам како главен виновник за Конфекцискиот кластер во Источна Македонија, за Велигденскиот, Бајрамскиот и Струшкиот кластер, за Кумановскиот кластер, и панкиката што ја предизвикавте со локдаунот само на град на Скопје, кога скопјани за пола саат се најдоа што побргу по пазарите и маркетите, за што побргу да го напуштат градот, воедно и расеат вирусот.

Одмана имам приметено и јавно напишано дека баш поради овие грешки, бар во моите очи, немате грам, милиметар, трошка кредибилитет да одлучите било што за овој напатен народ. Оставката требаше да ја поднесете после скопската паника горе спомената.

Што се однесува до вашата денешна изјава, јас ја изготвив следната табела направена врз основа на ваши податоци и изјави:

ПРЕД ИЗБОРИ… последните 5 тестирања пред 15-ти Јули.
податоците се од вашиот Фан Пејџ ден по ден…
 3-ти Јули 1454 тестирани 165 заразени 7 починати
 5-ти Јули 1032 тестирани 115 заразени 7 починати
 6-ти Јули 894 тестирани 78 заразени 5 починати
 8-ми Јули 1794 тестирани 163 заразени 8 починати
 11-ти Јули 1545 тестирани 199 заразени 8 починати
Вкупно за 5 дена 6719 тестирани 720 заразени 35 починати
или 10,73% заразени од вкупно тестирани
Наредното тестирање на вашиот Фан Пејџ е на 21-ви Јули.

ПОСЛЕ ИЗБОРИ
Последните 5 дена од денес наназад
 18-ти Сеп. 1545 тестирани 144 заразени 8 починати
 19-ти Сеп. 1397 тестирани 140 заразени 6 починати
 20-ти Сеп. 1368 тестирани 178 заразени 4 починати
 21-ви Сеп. 552 тестирани 45 заразени 7 починати
 22-ти Сеп. 1618 тестирани 88 заразени 5 починати
Вкупно за 5 дена 6480 тестирани 595 заразени 30 починати
или 9,18% заразени од вкупно тестирани.

Вашата денешна изјава “носење маска“ како што самите може да приметите привлече огромно внимание: цитирам
“Во тек се анализи за евентуално воведување на нови мерки. Дел од мерките кои ги разгледуваме се задолжително носење на маска и на отворено, ограничување на бројот на лица по маси во угостителските објекти, ограничување на бројот на лица за групирање воопшто. Силна контрола и казни за семејни прослави и прослави на затворено, како и прецизен протокол за работа на угостителските објекти на затворено и евентуално намалување на капацитетот на јавниот превоз“

Пред избори ваква изјава не прочитав или слушнав, а од табелата на целата македонска јавност и е кристално јасно дека тогашната ситуација била драстично полоша од денешната.

Јас се обраќам до вас господине Венко со молба да прекинете да не вреѓате, да прекинете да не лажете, да прекинете да го мамите народот, да прекинете да го плашите народот, да прекинете да сеете паника меѓу народот, не сме глупи колку што вие мислите, гледаме што се случува…. Пред избори ситуацијата била многу полоша од оваа денешната. И затоа ве замолувам или дадете си оставка или прекинете со лагите. ТАБЕЛАТА многу говори за вас, денешната изјава уште повеќе говори за вас. Едноставно прекинете да ЛАЖЕТЕ и тргнете се од политичката сцена. И немој да се лутиш, ова е чиста статистика, направена на основа на твои информации, Фала на внимание ❤️

Љупчо Палевски Таман си е писанието, не е таман Бугарофилче од Охрид кое не е ниту стручен, ниту структураш на СДС или ДПМНЕ, чоек кој заедно со Ирена Пановска ја претставува ФармаМАФИЈАВА. Поставен е да служи на Бандитиве а не да решава пандемии, Фалс пандемија, фалс Министер, Фалс држава, тоа им е целта, успут пепел буџетот…реформа со ЕУ знаменце го викаат

Македонија

Заболени
27,199
Мртви
934
Излечени
18,948
Активни
7,317
Last updated: 27/10/2020 - 07:26 (+01:00)
loading...

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.