Колумни

Јас, Јасна Николовска. За повеќето од вас сум најкротко јагне, за некои најлош кошмар со или без причина или заслуга.

Jasna Nikolovska ја смени профилната слика.

9 мин. 
Драги мои битолчанки и битолчани, стари и млади,
Јас, Јасна Николовска, со својот лик и дело, решив да застанам пред вас, како некој кој се родил и израснал во центарот на градот Битола. За повеќето од вас сум најкротко јагне, за некои најлош кошмар со или без причина или заслуга. Многу години од својот живот волонтерски се занимавав со развој на градската и руралната средина, за маргинализирани и ризични групи, свесна дека секогаш сум ја користела својата моќ, енергија и сила за подобро место за живеење, како и за будење на добрината и насмевката во луѓето.
Како дипломиран учител, сертифициран воспитувач и едукатор, долги години посветив за развој на генерации од дечиња, работа која ја работев со многу љубов и посветеност со цело срце и душа. Директен потомок на Коца Василева (великан чие име го носи детската градинка во Битола), не успеав да работам во неа, ни како волонтер. Овој систем не ми даде прилика да можам да продолжам со мојата професионална ориентација, како магистер по образовен менаџмент, морав да продолжам да се развивам лично и кариерно во приватниот сектор, каде со многу работа достигнав релативно висока позиција.
Во своите 35, видов многу убави работи во мојот град, но во исто време сведочам за многу неправди, кои намерно или не, се нанесени на мојата Битола.
До овој момент сфатив дека сакам и можам да придонесам за унапредување на градот и подобрување на живеењето во него. Цел живот го поминав на Широк Сокак, досега не сум ги сретнала овие кандидати кои сега секојдневно се среќаваат на Широк Сокак. Но, како и да е. Го изодев својот пат во градот и во повеќето битолски села.
Мои проекти за кои лично се залагам се можност за едукативен развој на СИТЕ деца кои не се опфатени во формалните групи на градинки, во кои најчесто нема место и како родител кој сам се грижи за своите деца, некој кој осетил горчина, се залагам за еднакви можности за сите школски деца, да можат бесплатно да посетуваат театар и културни манифестации во градот, со што би се развила љубовта кон културата од најмала возраст и би се вратил сјајот на градот, а би се растеретил буџетот на родителите.
И за крај, најважната цел за мене : Аманетот од мојот прерано починат брат- развој на екстремните и алтернативни спортови во градот, односно можност за младите луѓе од најмала возраст да се насочуваат на здрав и правилен начин на живот, наспроти сите зла и пороци на денешницата.
Се залагам за чист воздух и за здрава животна средина. Ме боли брат ми, ме болат сите жртви, сите битолски деца кои прерано заминаа поради болеста рак, верувам, поради нечист воздух и неквалитетен живот во градот.
Јавно и одговорно тврдам и ветувам дека доколку успеам да влезам во Советот на Општина Битола, минимум 50% од месечниот паушал кој ќе ми следува, ќе биде дониран на самохрани родители или загрозени семејства.
Време е Битола да заблеска со сиот свој сјај.
Ви благодарам затоа што ќе гласате за ПОИНАКУ, некои нé викаат ОДНОПАКУ. Но, чест и привилегија е да бидеш однопаку од цела оваа мизерија која и се случи на Битола. Затоа, ова е ПОСЛЕДНА ШАНСА НА БИТОЛА.
ВЕ САКАМ СИТЕ!
*освен тие кои придонесоа за пропаст на градот, низ годините.
Понекогаш своја, но секогаш ВАША,
Јасна.
🍀💚🍀


Македонија

Заболени
0
Мртви
0
Излечени
0
Активни
0
Last updated: 19/10/2021 - 04:42 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.