Занимливости

ЈАНКУЛОСКА РЕШИЛА ДА СТАНЕ НОВИНАРКА ВО ИДРИЗОВО

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, веќе две недели е во затворот „Идрзиово“, каде што треба да издржи 4-годишна затворска казна како осудена во случајот „Тенк“. Таа се уште се наоѓа во приемното одделение, но од вторник ќе биде сместена во затвореното одделение.

Оваа одделение е поделено на да три третмански групи, V1-1, V-2 и V-3, кои се разликуваат по слободата на движење внатре во установата. Јанкулоска, пак најверојатно ќе биде сместена во групата V-3.
Бидејќи станува збор за поранешен висок функционер, стручниот тим процени дека за неа постои висок безбедносен ризик. Поради тоа, кога ќе биде во движење, дали на задолжителната прошетка, на лекар, или додека е работно ангажирана, таа постојано ќе биде во придружба на службено лице, изјави за „Фокус“ директорот на затворот, Александар Донев.

Тој додава дека Јанулоска се изјаснила дека сака да работи, дека сака да биде ангажирана и во внатрешниот весник на затворот, поради што и додека ги извршува овие обврски ќе биде во придружба на вработен во затворот.

Тој појаснува дека проблем постои околу нејзиното сместување во просторија, бидејќи тука нема ќелии, туку соби во павиљони, во кои затвореничките слободно се движат од соба во соба.

-Поради високиот безбедносен ризик е одлучено да се смети во павиљон во кој има 7-8 жени и тоа во соба која е најблиску до секторот за обезбедување, вели директорот Донев.

Екс министерката на 28 септември беше спроведена во затворот, откако Врховниот суд ја потврди пресудата за случајот „Тенк“.

Македонија

Заболени
26,394
Мртви
897
Излечени
18,430
Активни
7,067
Last updated: 25/10/2020 - 09:41 (+01:00)
loading...

Поврзани вести

Back to top button

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker