Македонија

Јани Макрадули ќе биде нов директор на Македонска пошта?! Воздухот го исчисти сега у Пошта да дозачисти

Екс заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули како што дознава ТВ21 ќе биде новиот директор на Македонска пошта.

Актуелниот директор на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде назначен за директор на ЈП„Државни патишта“, потврди пред една недела премиерот Зоран Заев. Рустеми во „Државни патишта“ доаѓа на местото на Зоран Китанов од СДСМ.

Рустеми беше назначен за директор на АД „Пошта на Северна Македонија“ во август 2018 година. Тој си заминува од функцијата само неколку дена по најавата за приватизација.

Премиерот Зоран Заев го најави процесот и ги задолжи сегашниот директор Рустеми, министерот за економија Крешник Бектеши и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, да подготват физибилити-студија која треба да покаже дали приватизација или јавно приватно партнерство е подобар начин за приватизација на компанијата.

Македонија

Заболени
58,608
+1,157
Мртви
1,630
+30
Излечени
36,064
Активни
20,914
Last updated: 26/11/2020 - 21:26 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.