И песна имавме и бебе и јавно запросување…све што ни текна пробавме и пак ништо! Животиште.
Јана Бурческа е бремена. Вистинско изненадување се случи за време на најавната шпица пред нејзиниот настап на втората полуфинална вечер на најголемиот музички фестивал – Евросонг.
Покрај убавините на нашата земја, во еден момент беше прикажан кадар како Јана лежи на ултразвук, а со тоа ни ја соопшти веста дека наскоро таа ќе стане мајка.
Досега ваквата информација беше строго чувана во тајност.
Јана Бурческа со својата песна „Dance Alone“ не влезе во финалето за Евровизија, кое ќе се одржи в сабота.
Во финале одат Бугарија, Белорусија, Хрватска, Унгарија, Данска, Израел, Романија, Норвешка, Холандија и Австрија.
Сепак, Александар од нејзиниот бенд „Оф битс“ ја запроси Јана Бурчевска, подарувајќи и свршенички прстен пред милиони гледачи, среде гласањето за Евросонгот.
Дефинитивно Јана Бурческа ќе ја памети оваа 2017. година. Учество на најголемиот музички фестивал, оваа година ќе стане мајка, а пред милионскиот аудиториум беше запросена од нејзиното момче – Александар Филиповски.
Најпрво никој не очекуваше дека Јана на еден специфичен начин ќе ни ја соопшти веста дека ќе стане мајка, за потоа изненадување да приреди и нејзиното момче.
Нејзината реакција најдобро сведочи за тоа колку многу се израдува…
