Македонија

Јакимовски бара распустот да трае до 10 февруари, поради омикрон и ладните радијатори

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски апелира да се продолжи зимскиот распуст на учениците до 10 февруари, не само поради ширењето на омикронот, туку и поради затоплувањето во училиштата.

Апелирам до надлежните да ги земат во предвид препораките на дел од лекарите и да го продолжат зимскиот распуст до 10 февруари. Со тоа од една страна ќе заштедиме на сметките за греење, а од друга страна ако ги слушаме лекарите, продолжувањето на распустот би значело и значително намалување на бројот на заразени од ковид, вели Јакимовски.

Тој стравува дека осум училишта во Карпош ќе останат со ладни радијатори.

Од десет училишта во Карпош, осум се приклучени на мрежата на БЕГ, училиштето Аврам Писевски се затоплува на нафта, а Вера Циривири -Трена користи обновливи изври на затоплување. Ако се случи да запре испораката на топлина осумте училишта кои се на мрежата на Балкан Енерџи Груп ќе останат незатоплени, додава градоначалникот Јакимовски.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.