Црна Хроника

Јака била тепачката во ТРИБЕКА, ЛЕТАЛЕ МАСИ А И БОКСОВИ СДСМОВЦИ СЕ ПРЕСМЕТУВАЛЕ МЕЃУ СЕБЕ

Тепачката во монденскиот кафе бар Трибека во Карпош, ноќен клуб и партиско собиралиште на блиските до власта била јак настан со физички последици по повеќе од учесниците. Со статус на партики штаб на СДСМ за забава деталите се кријат од јавноста но, некои од гостите сепак даваат информации што се случувало.

Тепачката настанала прво меѓу гости на една маса, а потоа се проширила низ целиот клуб, се тепале со маси, столици, боксови и шишиња… со се што се нашло при рака. Финално, опремата на Трибека е демолирана.

Еден од оние кои ја почнале тепачката нападнал и две девојки, на возраст од 18 и 19 години, патем и го скршил и телефонот, веројатно затоа што се обидела да го снима настанот.

На лице место имало и лица од Пазарниот инпректорат кои, после сите овие случувања, сепак не можеле да заклучат “дали се прекршени правилата за угостителски објекти во време на корона епидемија“!

Полицијата постапувала по пријава, а уапсени биле сите лица кои биле иницијатори на насилството во јавен објект.

„Од страна на полициски службеници од СВР Скопје се лишени од слобода Х.Ј.(20) и А.С.(27) двајцата од Скопје, а во врска со претходна пријава дека во угостителскиот објект дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу П.Ѓ.(28) од Скопје и Х.Ј.(20), по што А.С. (27) почнал да го крши инвентарот од угостителскиот објект“, велат од МВР.



Македонија

Заболени
106,110
Мртви
3,176
Излечени
94,275
Активни
8,659
Last updated: 06/03/2021 - 09:41 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.