ЗанимливостиСвет

ЈАХТАТА СЕ “ЗАКУЦА” ВО КАРПИТЕ КАЈ САРДИНИЈА: ЗАГИНА МИЛИОНЕРОТ ДИН КРОНСБАЈН – НАПРАВИ “ТЕШКИ ПАРИ” СО МАСКИ ЗА ВРЕМЕ НА КОРОНАТА (ФОТО)

гледа Госпоод

Неговата компанија дистрибуираше милиони маски за време на локдаунот.

Британецот кој загина откако падна од јахтата која се закуца во карпите на италијански остров е идентификуван како директор на компанија и милионер.

Дин Кронсбајн (61) во неделата бил на палубата на својата 21-метарска јахта Амора со сопругата и ќерката, кога капетанот бил принуден да маневрира за да избегне друг чамец.

Јахтата налетала на дел од карпи и го изгубила предниот дел од силината на ударот, тоа се случило во близина на брегот на Порто Черво на островот Сардинија.

Сопругата и ќерката тешко повредени

Кронсбајн бил извлечен од водата со јахта со малтешко знаме која тука поминувала, но и покрај напорите да се спаси, тој бил прогласен за мртов на бродот.

Неговата сопруга Сабин (59) и ќерката Софија (27) исто така се тешко повредени и пренесени во болница, а потоа префрлени во специјалистичка установа во Сасари.

Медиумите јавуваат дека во инцидентот се повредени вкупно шест лица.

Кронсбејн беше сопственик на компанијата Ultrafilter Medical, која правеше високо специјализирана медицинска опрема и дистрибуираше милиони маски за време на локдаунот.

Полицијата го приведе капетанот

Тој минатиот месец за Фајненшл Тајмс изјави како странските туристи се враќаат во милионерската област околу Порто Черво.

Таму поседувал вила, пренесува Дејли Меил.

Јахтата е извлечена од водата и се наоѓа во марина во близина на Порто Черво. Таа ќе остане таму додека трае истрагата.

Дејли Мејл пишува дека полицијата го привела капетанот на јахтата на сослушување, додека истрагата за инцидентот продолжува.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.