МакедонијаТоп1

Јадел Смилевски јагне со 30 души денес у Скопје го викнале на рибање

Да објасниме детално пошто порталов доле не објаснил детално или не знаеле

СЕ РАБОТИ ЗА ИНСПЕКТОРОТ САШО СМИЛЕВСКИ ОД ОХРИД СО ОКОЛУ ДЕСЕТИНА ШТО ПОЛИЦАЈЦИ ШТО КРИМИНАЛЦИ ЈАДЕЛЕ ЈАГНЕ ВО ХОТЕЛОТ ИМПЕРИЈАЛ ВО СТРУГА ТОЈ ХОТЕЛ Е ВЕДНАШ НАСПРОТИ ХОТЕЛ ДРИМ

ПОСЛЕ ФАЌАЊЕТО ДЕНЕС СЕ ВИКНАТИ ВО МВР ВО СКОПЈЕ НА РИБАЊЕ

Следејќи ја максимата – прави што велам, не гледај што правам, и полицајците од СВР Охрид наместо да ги спроведуваат препораките на владата и наредбите на МВР, си терале кафе и ручеци во хотел на струшката ривијера

Вчера, во 12.30 часот во хотел на струшката ривијера при контрола од страна на началникот на ОВР Струга Дритај Ајро, командирот на ПС Струга Абдулкерим Камбери, заменик командирот Борче Тодороски и шефот на ДПИ од Струга, заедно со други полициски службеници ги затекнале началниците Ж.Л. и С.С. на СВР Охрид кои во хотелот си терале ручек и кафе-муабет.

Чорбата и кафето на началниците од СВР Охрид им преседнала, кога нивните претпоставени заедно со претставник на Државниот пазарен инспекторат направиле записник за прекршување на мерките на владата, и непочитување на наредбите.

Според информациите на „Инфомакс“, прекршителите се лица кои се вработени во СВР Охрид како кадар на владејачката партија СДСМ.

Казна ќе добие и сопственикот на хотелот.

Во текот на вчерашниот и денешниот ден, кај раководителите во МВР бил вршен силен притисок настанот да биде забошотен.

 



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.