ЗабаваСекс

Ја паметите ли згодната манекенка Викторија Јаначковиќ- раскажа зошто се развела и од Англија се вратила во Македонија оти многу километри пенис изела со се урда

Убавината во секој поглед – и кога е надворешниот изглед во прашање и кога се работи за интелектот – мора да се одржува, негува и секако, да се надградува (умот, разумот).

Повеќето жени кои некогаш важеле за убавици, па дури и заводнички (без оглед на тоа што убавината и заводливоста не секогаш се поврзани меѓусебно).

Ова го објави Машки магазин, а текстот е поврзан со Викторија Јаначковиќ, нашата позната манекенка која е инаку стоматолог и долги години не е на модните писти.

– Наутро станувам во 6 и вежбам. Денот го започнувам со утринско кафе и по можност никој да не разговара со мене.Сите женски марифети ги правам многу брзо и спремна сум веќе во 7:30 за работа.

Во ординација влегувам да работам во 8 часот наутро и денот ми е обично зафатен и исполнет. Под полн гас. Во животот ме мотивираат исклучиво добри луѓе и насмевки.

Денот ми завршува со планирање на утрешните обврски, и како сабајле, сакам да бидам во мир и тишина со добра музика. Викендите се поразлични секако. Многу понемирни“, рекла за Женски магазин Викторија во една прилика.

-Никогаш не ми се допаѓале личности од било која сфера на јавниот живот кои искачаат од секаде, секаде ги има и тоа трае во континуитет. Досадни се. Работев во светот на модата и секогаш имав што да кажам.

Но не гледам причина да бидам нон- стоп некаде колку да се каже дека сум некаде. Сега работам во фармацевтска компанија и секако во доменот на мојата голема љубов, стоматологијата.

Имајќи во предвид дека само еднаш се појавив на изборот за Мис на Македонија, и заминав со титула, за тој период и воопшто периодот кога активно работев имам само добри спомени и искуства.

Многу пати потенцирав дека снавистина не е ми е животна мисија модата во странство, бидејќи секогаш ме интересирала повеќе интелектулана работа и едукација.

Никогаш не бев само стоматолог. Магистерирав во областа на дипломатијата, воена. Работев 9 години како шеф на кабинет, и мислам дека моето долгогодишно траење во Министерство за култура кажува сѐ. Своеволно заминав, зошто исто така повеќе немав што да направам.

Ми беше изџвакана приказна. Но, имав предобро искуство кое ми помогна понатака“, рекла Викторија, а потоа одговорила на прашање кое е поврзано со нејзиниот брак и преселбата во Англија, па потоа развод и откако се развела, таа се вратила од Англија во Македонија.

-Никогаш не сум била контраверзна во своите врски па така ни во таа. Тоа ме разликува, речиси од сите. Мојот брак се распадна исклучиво поради непремостиви разлики во карактерот, социјален статус, фамилијарна позадина, на што треба многу многу да се внимава.

Приказни од типот, „ма само сакајте се вие и ништо друго не е битно”, се некои „Џурасик парк- фори“, кои не постојат. За брак треба сѐ. И компромис, и исти гледишта и не претопување еден со друг и многу, многу работи кои ги немав со партнерот.

Треба да има два идентитета кои растат и одат во ист правец. Од бракот не излегов полна со горчина, туку дувнав прашина од рамото и тргнав понатаму. Во секој случај, не така лошо искуство.

Ниту во еден момент, ни пред ни по бракот не сум сонувала за странство. Никогаш не сум имала потреба да заминам од тука. Мојот начин на живот и заработка апсолутно ги задоволуваат моите соништа.

Приказни од типот: јахти, авиони, камиони , хотели од 20.000 долари и докторски статус, се сепак за некого кој никогаш не можел. Јас можев, но не сакав да останам во Англија. Органски не го поднесував нивниот систем на живеење, размислување, и 12 часовно работење во еден здив“, рекла Јаначковиќ.

– Болна љубомора не поднесувам, посесивност. Во оваа прилика апелирам до жените кои мислат дека „Тој ме сака, ама јас не можам да имам деца со него“ или „Треба да се вратам од не знам каде”, таков не може да сака, емотивно е хендикепиран и со тоа покажува болна немоќ.

За мене, мажот не треба да има никаков надобуден став, туку од него да извира харизма, шарм, среќа и самодоверба изградена на основа на реализираност на секое поле. Само таков маж нема да покажува фруст рации од болни размери. А, сите ние имаме фруст рации и сосема е нормално.

Ја паметите ли згодната манекенка Викторија Јаначковиќ- раскажа зошто се развела и од Англија се вратила во Македонија - info7NEWS

За мене, брак не значи папирологија. Видете ги Расел Кроу и Голди Хоун, кои немаат папирологија, а веќе 30 години се во релација. Папирологија не ме интересира.

Немам поим која е тајната затоа што не сум во брак, ниту сакам, ниту пак сум во врска.

Мене лично ми е битно да ми е пријател, а не да ме менува и да заличувам на мајка му. Немам ништо со баби додека сама не станам баба“, рекла во Машки магазин Јаначковиќ.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.