Живот

Jа фатив колешката со шефот во канцеларија – ДОБИВ ШОКАНТНА ПОНУДА ЗА ДА МОЛЧАМ

Сосема случајно, еден Англичанец бил сведок на сексуална афера меѓу негова колешка на работа и нивниот шеф, и сега се наоѓа во непријатна ситуација.

„Јас сум 27, а таа 35 години. Ние работиме за мала градежна компанија и секогаш добро се сложувавме. Бев среќен на работа, но сето тоа се смени кога стариот шеф се пензионираше, и кога неговиот син дојде на таа позиција. Искрено, тој е 40-годишен кој постојано напаѓа жени без срам“, ја започнува својата приказна.

„Само што дојде, тој започна да флертува со мојата колешка, таа го одби, но поради тоа тој стана само уште поупорен“, наведува Британецот и продолжува:

„Тој започна да ја бара цело време на неговиот мобилен телефон, а таа излегуваше секој пат да разговара со него. Почна да се облекува како проститутка, со мини здолништа и високи потпетици. Тоа е како да се подготвувате да излезете, а не за на работа. И тогаш еден ден влегов во канцеларијата на шефот и ги најдов како имаат секс. Таа лежеше гола на масата, а тој ги имаше панталоните спуштени. Не мора да бидете генијалец за да заклучите што сториле. Истрчав надвор, а следниот ден се соочив со неа “.

„Бев шокиран од она што ми го рече. Таа ми призна дека двајцата имале афера и додаде дека првично се спротивставувала на тоа, но дека на крајот се согласила кога тој и ветил поголема плата. Тоа не и беше доволно и ми рече дека нивниот секс е одличен, а потоа ми понуди шокантен избор. Или да молчам сè што сум видел или ќе се погрижи да ме отпуштат ако кажам некому за аферата. „Сè уште не можам да верувам што ми се случи, а после тоа работите станаа уште полоши“, изјавува младиот човек.

„Двајцата веќе не комуницираме, а јас работам со најголемиот дел од нејзината работа. Таа дури доби и роденденски бонус, а јас дури и не можам да добивам слободни денови. Таа знае дека сега може да избега со што било, и не знам што да правам. Неизвесноста ме убива“, заклучи Англичанецот.



Македонија

Заболени
91,161
Мртви
2,812
Излечени
79,621
Активни
8,728
Last updated: 27/01/2021 - 11:11 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.