Свет

ИЗУМИРА НАЈМЛАДАТА СВЕТСКА НАЦИЈА – ВОЈНИЦИТЕ ГИ КОЛАТ ЖЕНИТЕ И ДЕЦАТА, ЗА ДА ГИ ЗАШТЕДАТ КУРШУМИТЕ

Жените и децата во Јужен Судан се колени од страна на војниците кои наводно за масакрот користат ножеви, само за да ги заштедат куршумите, пренесува Индипендент.
 Изумира најмладата светска нација – Војниците ги колат жените и децата, за да ги заштедат куршумите
Овој брутален конфликт кој ОН го нарекува етничко чистење, предизвика и глад која се заканува на милиони жители.
Една жена, која успеала да побегне од државата, ја раскажува својата потресна приказна за организацијата за права на децата „Спасете ги децата“ (Save the Children).
„Ги врзуваат бебињата за мртвата мајка и ги фрлаат во река“
Гледала како војниците и ја убиваат најдобрата пријателка и нејзините деца, вклучувајќи и тримесечно бебе.
„Ви ги грабнуваат од куќата и ви го пресекуваат грлото. Малите деца ги бодат и потоа умираат подоцна. Видов како ги врзуваат малите бебиња за мртвите мајки и така ги фрлаат во река“, изјави Силвиа.
Граѓанската војна предизвика и умирање од глад
Минатиот месец во некои делови од државата прогласена е глад. ОН предупреди да речиси половина од жителите нема да имаат извори на храна наскоро, ако кризата вака продолжи.
Граѓанската војна започна 2013 година кога претседателот Салва Киир го отпушти својот заменик Риека Махара.


Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.