Македонија

„Излезете комуњари“, раскажа сведок од насилствата во Собранието од 27 април

Денеска во Кривичен суд во Скопје продолжи сослушувањето на сведоците од „крвавиот четврток“.
Прв сведочеше Сашо Коцевски, кој посочи дека и самиот бил учесник во протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“

Коцевски рече дека им рекле да се заклучат во собата за техничка режија оти влегол народ во Собранието. Таму, како што рече, биле од 18.40 до 20 часот.

„Останавме заклучени. Се обидувавме да стапиме во контакт со генералниот секретар на Собранието, Жарко Денковски“, рече сведокот. Денковски ги побарал подоцна, но освен што прашал за опремата, не се заинтересирал како се и дали може да помогне во нивното извлекување, пренесува „Макфакс

Додека биле заклучени во собата, се слушало викање, тропање и истрели: „Почнаа да викаат: ‘Отворете, отворете! Излезете комуњари’“, рече Коцевски пред судот.

Коцевски рече дека од собата ги извлекле Горан Ѓошевски Леви заедно со тројца од собраниското обезбедување, кој ги спречил лицата кои биле дел од толпата да ги нападнат затоа што „биле нивни“.



Македонија

Заболени
103,020
+233
Мртви
3,144
+7
Излечени
91,507
Активни
8,369
Last updated: 01/03/2021 - 16:11 (+01:00)

Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.