Балкан

Истрагата за смртта на четворицата руски туристи во Албанија се проширува и во Македонија

ВЧЕРА БИЛЕ НА РУЧЕК ВО ОХРИД

ВЧЕРА БИЛЕ НА РУЧЕК ВО ОХРИД

Истрагата за смртта на четворицата руски туристи во Албанија се проширува и во Македонија

Истрагата околу смртта на четворицата руски туристи, кои синоќа беа понајдени мртви во сауна во хотелот „Глорија“ во туристичката зона Ќерет кај Каваја, се проширува и во Македонија, бидејќи, како што објави агенцијата Балкан веб, вчера престојувале во Охрид.

„Откривањето нови детали ја прошири истрагата. Во текот на вчерашниот ден тие патувале за Македонија, а по ручекот во Охрид, се вратиле во хотелот ‘Глорија‘ каде што престојувале. Претходно, полицијата соопшти дека се сомневаат дека туристите починале од гушење, но не е исклучено тие да биле под дејство на алкохол. Исто така, дел од истрагата е и патувањето на туристите во Македонија, за евентуално труење со храна или консумирање психотропни супстанции“, наведува агенцијата.

Во своето сведочење пред истражниот тим, една од вработените во хотелот им кажала на обвинителите дека било околу 22:30 часот кога отишла во просториите каде што била сауната, каде што биле двете брачни двојки, и неколкупати тропала на вратата, за да ги извести дека пијалаците и овошјето што ги нарачале ги однела во нивните соби, но откако не реагирале, влегла внатре каде што ја видела и шокантната слика.

Брачната двојка Наталија Буренкова (58) и Сергеј Буренков (60), нивната ќерка Екатерина Буренкова (31) и нејзиниот сопруг Никита Белоусов (37) во Албанија допатувале на одмор минатата недела, преку туристичка агенција. Заедно со нив допатувале и други четворица руски туристи.

Во експертизата, по барање на Амбасадата на Руската Федерација во Тирана, ќе бидат вклучени и стручни лица од оваа земја.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.