КолумниТОП

Искористување на позиција Колку е присутна деловната етика кај овој директор? ХАЛК БАНКА

ПРЕВЗЕМЕНО ОД КОНКУРЕНЦИЈА МК ПОДОЛУ ЛИНК

Sultan_Mehmet_II

Со овој текст го започнуваме нашиот серијал наречен „Мојата етика е огледало на мојата кариера“, каде ќе бидат коментирани познати и влијателни луѓе во својата професија кои треба да се примери за општеството сега, но и за новите генерации.

Влијателните поединци преку позицијата која ја извршуваат во текот на кариерата, се среќаваат со многу можности и поради тоа, имаат влијание во одредени структури. Токму преку вакви чекори се покажува нивната деловна етика, нивниот однос кон правилата и кон законот при што даваат личен печат во околината во која што живеат и творат.

Често се соочени и со предизвици на кои не можат да оддолеат, па поттклекнуваат кон истите и прават грешки во одлуките, кои можат да им ја упропастат кариерата, но всушност истите тие стануваат огледало на нивната вистинска слика.

Прв на листата е Томче Тасевски, извршен директор на Халк Банка АД Скопје. Неговата професионална кариера можете да ја прочитате на следниов линк.

tomche

Но, што се случува кога везирот ќе помисли дека е султан?
Неговата долгогодишна кариера во банкарството на позиција „извршен директор“ во „Халк Банка АД Скопје“ е доказ дека е вистински камелеон кој ги преживува сите измени и тоа од почетокот па сè до последните турски рокади во менаџерскиот кадар изминативе години.

Неговата снаодливост и влијание допринесуваат за отварање на работна позиција за неговата сопруга, која станува заменик директор на Дирекција со двајца вработени (директор и заменик директор). Тоа укажува на неговата вештина, но тој факт го покажува и недостатокот на стандард во групацијата „Халк“ за забрана за вработување на двајца сопружници или блиска фамилија, како што е пракса во многу сериозни корпорации од ист ранг.

Можеме да коментираме, но немаме право на мешање во политиката на големите корпорации и во нивниот начин на внатрешно вработување и функционирање. Она што сериозно го забележуваме и кое со сигурност го тврдиме е вработувањето на неговата ќерка Ивона Тасевска во Народна Банка на РМ, што е спротивно на сите деловни етики.

Напоменуваме дека кадар од негов ранг треба да знае дека вработувањето на своја блиска роднина (ќерка) во регулаторно тело како што е НБРМ претставува сериозен конфликт на интереси.

Дали „Халк Банка АД Скопје“ го држи овој директор на позиција преку која камелеонски опстојува сиве овие години и тоа баш заради блиските односи со регулаторот НБРМ?

Исто така прашуваме – каков став има гувернерката Анита Ангеловска Бежовска за ваквите вработувања што не се во согласност со деловните и морални вредности? Или можеби сите тие заедно го доживуваат државниот регулатор НБРМ како ризница за „дошколување“ на нови банкарски кадри за спасение, но и за иднината на македонското банкарство?

Искрено се надеваме дека регулатоторот НБРМ нема и овојпат да излезе со известување дека кандидатот Ивона Тасевска ги поминала сите потребни квалификации за тоа работно место, а имајќи ја предвид високата невработеност на млади економисти со висок просек од УКИМ.

Бонус видео…

КОНКУРЕНЦИЈА МК


Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.