Македонија

Ишутираната Министерка за култура решила ко Димитров малце да мрси муденца

Nora Sam Shakiri Markovic 38 мин. · Порано повеќе почитувана сега ИЧ за твоја жал.. Во Театар Комедија дојде ПРОТИВЗАКОНСКИ да ме разрешиш и за тоа доби доказ од ДКСК дека дебело си погрешила и сега ќе се тераме на суд јер никој не ти дал право да блатиш нечиј образ на правди бога, а трагедијата да биде уште поголема. на мое место назначи лик кој беше заслужен за пропаѓање на Театар Комедија и згора на СЕ дојде да не ИЗЛАЖЕШ без грам совест дека се ова ќе заврши за две недели..Двете недели поминаа пред два месеци..Мислев дека те познавам, јбг и најдобрите грешат..А можеше и те како можеше само ИГРАЈ ФЕР ЗА ПАК ДА ОСТАНЕШ СВОЈ ПОСЛЕ СЕ !!!

Никој не ме прашал за конкретните причини зошто треба да заминам, како и што е сработено, но право на секој мандатар е да си состави кабинет, вели министерката за култура, Ирена Стефоска која заминува од функцијата и на нејзинот место во новата влада ќе биде пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска.

-Јас си подготвив извештај за отчетност кој ќе стои во архивата на Владата и во Собранието. Поразговаравме со мандатарот за причините про и контра зошто е важна културата, нагласи Стефоска во гостувањето на „Утрински Брифинг“

 

Таа смета дека луѓето се најголемиот ресурс во една мала земја, а ова Министерство, како што рече, заслужува да се вложува во луѓето.

– Луѓето се нашиот најголем ресурс во една мала земја. Толку колку што вредат луѓето толку вредат институциите. Без силни институции, нема држава, институции во кои владее право, процедури. Мора прво да се среди куќата која ги сервисира сите културни работници и институции, Министерството е капата, додаде Стефоска.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.