МакедонијаТОП
Инцидент во Собранието: Пратеник на ДУИ фрла со предмети кон пратениците и ја крши опремата
Пратеникот Арбер Адеми со предмети фрлаше низ собраниската сала и кон пратениците.
Пратеникот Миле Лефков објави шокантно видео од случувањето во Собранието. На снимката се слуша како пратениците му викаат „Кај се наоѓаш“ додека тој со тацна фрла и ја крши собраниската опрема.
Понижување, насилство и навреди во Собрание! Македонија наместо Европа стана див запад со „каубоите“ од власта – напиша пратеникот Лефков.
