Некатегоризирано

Иницијаторите за конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ги алармирале амбасадорите дека соочуваат со „политички мотиврано насилство“

Александра М. Митевска

Се бориме за запазување на веќе воспоставениот стандард за оставки. Долгогодишна пракса во западните демократии е после пораз на избори лидерот на партијата да поднесе или во најмала рака да понуди оставка од позицијата. Не бараме ништо повеќе од ова, се наведува во писмо испратено до Делегација на ЕУ и до дипломатските претставништва во Скопје

Иницијативата за свикување вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ испратила писмо до Делегација на ЕУ и до дипломатските претставништва во Скопје, во кое се посочува дека членови на Иницијативниот одбор се соочуваат со политички мотивирано насилство.

„Се бориме за запазување на веќе воспоставениот стандард за оставки. Долгогодишна пракса во западните демократии е после пораз на избори лидерот на партијата да поднесе или во најмала рака да понуди оставка од позицијата. Не бараме ништо повеќе од ова. Бараме да  се свика Конгресот на партијата и да дискутира за овој демократски стандард. Во име на Иницијативата за свикување вонреден Конгре, сакаме да ја израиме нашата загриженост од се поголемото вербалното и физичко, политички мотивирано насилство со кое се соочуваат членовите на Иницијативниот одбор, кои јавно побараа оставка од Христијан Мицкоски“,

се наведува во писмото до амбасадорите.

Како што пренесува „24 инфо“, во писмото се посочува и дека, во изминатите неколку дена, откатко иницијативната се официјализира, сите членови се цел на вакви напади.

„Личната дискредитација и говорот на омраза станаа најмало очекувано зло. Кај некои од нас, освен вербално, насилници се дрзнаа и физички да малтретираат. Во текот на вчерашниот ден, поранешниот пратеник и сегашен поддржувач на идејата за вонреден конгрес, Весна Дамчевска Илиевска, пријави во полиција закани и тормозење со цел заплашување и повлекување од иницијативата.

посочуваат членовите на Инцијативата.

Во писмото се посочува и дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ ниту се оградило, ниту го осудило физичкото насилство. Напротив, се посочува, го оценија како „монтажа и конструкција која што е дел од новопромовираната коалиција помеѓу иницијаторите и Зоран Заев”.

„Сметаме дека со оваа изјава, раководството на Христијан Мицкоски не само што не се огради, туку индиректно мотивира политичко насилство со испраќање порака до насилниците дека партијата стои зад нив. Друг елемент на загриженост е фактот што иако полицијата ги лоцира насилниците и има изјави од нив, раководството на Христијан Мицкоски испрати порака дека не верува во институциите во врска со овој случај. Дека ние сме во некаква спрега со власта и полицијата монтира случаи. Стравуваме дека сето ова свесно го прават со цел обесхрабрување на поддржувачите на иницијативата јавно да говорат“,

се нагласува во дописот до дипломатите во земјава.

Македонија

Заболени
30,488
+930
Мртви
982
+5
Излечени
20,448
Активни
9,058
Last updated: 31/10/2020 - 02:41 (+01:00)
loading...

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.